Историја

Александар Македонски на мозаикот од Помпеја

aleksandar-makedonski-pompeja

aleksandar-makedonski-pompeja
Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис, најден во Куќата на Фаун, Помпеја

Откриените фрески и мозаици покажуваат дека жителите на Помпеја големо внимание му посветувале на украсувањето на ѕидовите и подовите на своите домови. Некои од нив се вистински ремек дела на уметноста кои и ден денес пленат со својата убавина. Ремек дело претставува мозаичкиот под во „Куќата на Фаун“, на кој е претставен Александар Македонски во битката кај Ис.

На 24 август 79 година, по катастрофалната ерупција на Везув, беа уништени и затрупани со неколку метра висок пепел римскиот град Помпеја и рибарското место Херкуланум во покраината Кампања, во близина на денешен Неапол. Некогашниот град на Етрурците, Пелазгите и Самнитите, изграден на Осканската населба, а романизиран по првиот век пред нашата ера, по катастрофата во која загинаа повеќе од 10.000 жители, долго време беше заборавен.

Истражувањата кои започнаа во 1748 година и кои со повеќе прекини се изведуваат до  денешен ден даваат извонредна детална слика на животот на населението на Помпеја која во времето на ерупцијата го достигнала својот општествен врв. Зачуван и конзервиран под вулканската маса, тој е единствен антички град чија целосна топографска структура е позната точно каква што била. Во град кој е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство, се наоѓа еден од највредните мозаици на кој е претставен Александар Македонски.

Откриените фрески и мозаици покажуваат дека жителите на Помпеја големо внимание му посветувале на украсувањето на ѕидовите и подовите на своите домови. Голем дел се украсени со мозаици составени од илјадници ситни, разнобојни камчиња. Некои од нив се вистински ремек дела на уметноста кои и ден денес пленат со својата убавина.

Врв на мајсторството во мозаичката уметност се сметаат фигуралните композиции кои сочинуваат цели сцени, чија основа ја чинат митолошка легенда или пак некој настан од античката историја. Слоевите пепел ги заштитиле од распаѓање уметничките дела, како и мозаиците во „Куќата на Фаун“.

Недостижно ремек дело претставува мозаичкиот под во „Куќата на Фаун“, на кој е претставен Александар Македонски. Во куќата која археолозите ја именуваат по неоштетената фигура на косматиот бог на италијанските шуми пронајдена во атриумот, на четириаголна површина со димензии 5,12 м и 2,75 м, уметникот со околу 1,5 милион најразлични нијанси на бели, црни, жолти и црвени камчиња, составил широка сцена на која ја прикажува битката кај Ис од 333 година п.н.е. меѓу Александар Македонски и персискиот владетел Дариј III.

Во развојот на својата композиција уметникот успева во метежот на битката реално да ги отслика карактеристичните црти на поедини ликови од кои се отчитува гнев и страв, како и да ја прикаже динамиката и жестината на борбата.

Секако дека во композицијата на мозаикот доминира ликот на Александар Македонски, кој е претставен со разбушавена коса, испиено лице, но со очи од кои избиваат пламени искри. Додека Александер со копјето прободува персиски достоинственик, Дариј со изненадување ја гледа опасноста која му се заканува. Истовремено возачот на неговата бојна кола во паника ги камшикува коњите, а некој персиски кнез симнат од својот коњ ги држи уздите за да му овозможи бегство на својот господар.

Во позадината на сликата исправено стојат шума од копја кои заканувачки делуваат и сведочат дека и покрај метежот на битката македонската фаланга ги сочувала своите редови и на Персијците им го претскажува страшниот пораз.

Мозаикот на кој е претставен Александар Македонски се смета дека претставува верна копија на загубената слика на истакнатиот сликар Филоксен од Еритреја, кој живеел меѓу третиот и вториот век п.н.е.

Куќата на Фаун или Casa del Fauno како што италијаните ја викаат, била изградена за време на II век п.н.е. и била една од најрепрезентативните приватни резиденции во Помпеја, во која биле сместени голем број уметнички дела. Името го добила по бронзената статуа на танцувачкиот римски бог Фаун кој го изедначуваат со богот Пан или со богот на виното и забавата Дионис. Според пронајдениот натпис куќата припаѓала на влијателно семејство.

Појавата на ликот на Александар Македонски на мозаикот во „Куќата на Фаун“ претставува израз на длабоката почит кон македонскиот народ и неговиот син прогласен за бог, како и почит кон сето она што тие го направиле во минатото за античкиот свет.

Најново од: Историја

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата. Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Македонски историски календар: 9 септември 1944 година

9 септември 1944 – Политички пресврт со значајни последици за Македонците во Пиринска Македонија Во последните месеци од Втората светска војна дошло до големи промени на Балканот. На 5 септември 1944 година Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Бугарија, а советската армија започнала да навлегува на нејзината територија. Во ноќта меѓу 8 и 9 септември, […]

Најнови вести

To top