Култура и туризам

Македонски артефакти (6 дел)

artefakti1

artefakti1

Хомер во „Илијада“ ја опишува Тројанската војна, и никаде не споменува Хелени, но исклучиво древномакедонски племиња, и упатува дека Хеленското учество не е засновано на релевантни историски факти, а и Англичаните Bjury и Migs, кои се сметаат подржувачи на грчката неегзактна “наука” велат: „Веќе е поставено прашањето, дали воопшто некогаш се случил поход на Грција на Троја…“? [1] Грешката во сите области од светската наука, настанува кога “научници” од 19, 20 и 21-от век од н.е. во своите терминологии употребуваат термини кои не постојат во целокупната ера до периодот од 19-от век, имено, во овој труд се расветлува и разоткрива грешката создадена при употребата на терминот Грција за било каква научна област од праисторијата до 19-от век, всушност, територија, нација и држава Грција за прв пат во светската историја се појавува во 1829 година од н.е.

По царот Пердика I до крајот на VI век п.н.е. постојат факти за уште повеќе владетели од македонската царска династија: Аргеј; Филип I; Аероп; Алкета; Аминта; (434-413); Архелај I (413-399) кој ја пренесол македонската престолнина од градот Ајга во градот Пела; Аминта III (390-370); Птоломеј; Филип II Македонски (359-336) кој ја зацврстил, проширил и реформирал македонската држава и го формирал првиот светски сојуз на држави, издигнувајќи ја Македонија на светскиот пиедестал.

Епонимот Македонија и етнонимот Македонци суштествувале од праисторијата во кој временски период Македонија добива политичко и етничко значење, кога многу цареви до сопственото име го додавале патронимот македонски, и кога на територијата  Македонија се случува обединување на древномакедонските етнички ограноци, така што по зетот Пир Македонски, Македонците подоцна ги обединил царот Каран Македонски (808-878 година, п.н.е.), а помеѓу VIII и VII век п.н.е. дошло до промена на царските династии од Темениди во Аргеади, кои пак го носеле старото македонско име Макета (Ематија-Мајка) и Китим, а суштествувале уште пред X милениум п.н.е.

Кралевите на Македонските племиња, Пеони и Пелагони од областа Пелагонија која денес егзистира со истото име во Р. Македонија со свои соплеменици се бореле кај Троја каде учествувале и кралеви на бригиските етнички гранки, предводени од Дардан и биле Венети, со називи и Енети (Венети) вели (Homer, Illid) по борбата со Ахајците за Троја, а по паѓањето на градот Троја, следи масовно иселување кон централна и западна Европа и Скандинавските земји на исток се` до Алјаска, Камчатка и Владивосток каде била востановена пелазгиска древномакедонска топонимија.

Синтезата на името на Божицата на земјата Ма (мајка) и именката Матија (матица), Макета (Македонија), претставува едно исто име, и ни дава информација дека старото име на Македонија е Макета (види, P.W. Real-Encyclopadie der cllassichen Altertumswissensohaft, t.XVI \ I, stuttgart, 1937), а синтезата на коренот ил има значење во Евилска земја (Hav-i-lah land); терминот вилает (место земја); Илина гора; Илија (име); Илиј (првобитно име на Македонскиот град Троја); Илијада-Хомеровата поема со коренот илиј, што значи Сонце и придавката ада со значење-Земја, заедно –Сончева земја (Македонија).

Култот кон Сонцето Македонците го нарекувале Илиј, и потоа етничките бригиски групи што го населувале Јадранскиот брег биле нарекувани Илији, подоцна модифицирани во Илири кои се простирале сé до северна Етрурија (Италија) во провинцијата Илирик, каде живееле еднородните племиња Анти, Венети т.е. Древномакедонци, за што повеќе од стотина еминентни автори велат „илирскиот јазик бил исто што и македонскиот“,[2] a „царот Филип II Македонски (359-336), проширувајќи ги границите на Македонија ги обединил сите македонски племиња на север“,[3] кои биле нарекувани илирски со кои тој војувал во 359/8-та и 356-та година п.н.е. поради локалистички сваќања, и за фактот дека: „Тој, Филип стана господар и владетел на повеќето Илири“,[4] „сведочи и илирското кралство Бардиљис со македонски крал Дасарет“.[5]

Феникијците (Венетите) односно древните Македонци го изградиле градот Вавилон за време на Венетскиот крал Набуходоносор (694-562 година п.н.е.), и „жителите од градот Атина биле Пелазги и се нарекувале Кранејци, а за времето на кралот Кекроп се нарекувале и Кекропиди, потоа власта ја презел Ерехтеј, но по војсководителот Јон го добиле името Јонци“[6] и „градот Атина и Акрополот го подигнале Пелазгите“.[7]

Генерации Македонски Цареви ја промовираа доктрината да се стави крај на ропството, пљачкосувањето и убивањето во светски размери, која идеја Македонскиот цар Александар III Македонски (336-323) п.н.е. ја реализирал, оставајќи им ги храмовите, јазиците и признавајќи ги религиите на народите во сиот свет, но исто така го реализирал и сонот на својот татко, го освоил светот, ги обединил народите, поседувал мултиетничка војска, се заложил за мултиетнички бракови и мултикултура, со што всушност, Македонија станала прва обединителна држава на светот за прв и единствен пат во досегашната историја на суштеството човек“.[8]

Обидот на Александар III Македонски да создаде светска држава не можел да успее, бидејќи таа треба да произлезе од потребите на луѓето, но неговиот поход и замисла ги освои срцата на луѓето, прогресивно го осовремени светот и тогаш најразвиената држава Македонија се наметна со македонските постулати во хумано-духовно-културни и материјални влијанија врз светското цивилизациско наследство“.[9]

Александар III Македонски повеќе сакал да се одликува со возвишено знаење отколку со светска слава, покажувајќи го тоа на смртната постела, кога високите македонски придружници и генерали го прашале: Александар, на кого му го оставаш македонското светско царство? Умирајќи тој вели: „на…најсилниот…ако може да биде Бог“, правејќи разлика помеѓу земното и Божественото, признавајќи ја својата и воопшто човечката слабост.

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ


[1] (Џон Багнел Бјури- Расел Мигс, Историја…,67.)

[2] G.Bonfante , Il Macedone. Atti della Assademia sei lincei, vol, XL II\ 5-6, pp.83-85.

[3] Polyaen, IV. 11. 4

[4] Isokrat.., Phil., во 346 година п.н.е.

[5] P. Cabanes, Les Iliries..,p. 130 ana 157

[6] Herodoth ., Historia (Urania). VIII.44.

[7] Herodoth, Historia (Uranija). VIII.41.

[8] Види пошироко Слово за Царот Александар III Македонски, Благој Трајков

[9] Ibid.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top