Дијаспора

Европа не врши доволен притисок врз Грција

Stipe-Mesic

Stipe-MesicЌе поддржиме секое решение кое и` оди во прилог на Македонија.

Без да се здружат сите држави од ЈИ Европа во ЕУ, Унијата би била инвалидна, изјави поранешниот претседател на Република Хрватска Степан Месиќ при посетата на Охрид.

– Ние не смееме да тргнуваме од тоа дека Хрватска сега е во ЕУ и треба да соработува само со неа. Мораме и натаму да соработуваме и нашата цел треба да биде влез на сите држави од ЈИЕ во Европската унија.

Кога Унијата мора да се здружи заедно со сите овие држави, со нашето соседство, дури тогаш Европа ќе биде голем светски играч. Без тоа таа ќе биде инвалидна, нагласи Месиќ.

Според Месиќ, Европската унија е најелитниот политички  клуб во светот и за да се влезе во него, како што додаде, треба да се исполнат одредени услови.

– Јасно е дека и ЕУ не е совршена и мора да реши некои  свои институционални проблеми за да може да функционира, но несреќа е тоа што се здружува во време на светска криза. Тоа ќе се преброди бидејќи европското здружување нема алтернатива и сите земји од ЈИЕ мора да влезат во Унијата, додаде поранешниот хрватски претседател.

За новинарско прашање за евро-интегрирање на Република Македонија, тој потсети на проблемот што го има Македонија со соседна Грција.

– Од македонска страна, прашањето за јазикот и за името на државата е длабоко национално прашање. Од друга страна, за истата работа постои Грција за која тоа е едно политичко прашање кое треба да се реши на политички начин.

Тоа нема никакво влијание врз животот во Грција. Од грчката страна нема доволно разбирање, а мене ми се чини дека не постои и доволен притисок на Европа врз Грција за да се забрза решавањето на македонско-грчкиот спор, подвлече Месиќ при посетата на Охрид каде што оствари протоколарна средба со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Превземено од: Македонски глас– Хрватска

(В. М.)

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top