|
||||
| Прослава на Бадник и Божиќ на Православните Христијански верници во Македонија |
Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Јовица Угриновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.Манифестацијата, вообичаено, почнува со подигање на бадникарското знаме, по што следува осветување на бадниковите гранчиња, нафората, топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот храм. На платото пред храмот бесплатно ќе бидат делени бадникови гранчиња. Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“. Здравицата за здравје, среќа и успех ќе ја каже Братислав Димитров, a на скопјани ќе им се обрати и градоначалникот Коце Трајановски. Свештениците од соборниот храм „Свети Климент Охридски“, потоа ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните. ![]() Годинашниот кум на манифестација д-р Јовица Угриновски ќе го прими преодниот ќуп од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан, кој со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“. Скопското бадникување започна во јануари 1993 година, од тројца повозрасни скопјани Александар Пановски - Мац, Борче Петрушевски - Скијачот и Кире Пановски- Тип. Поттикнати од случај кога една старица не можела да си купи бадниково гранче, тие самоиницијативно таа година од Водно набрале бадникови гранчиња и наздравувајќи со чашка топла ракија бесплатно ги делеле на влезот од пазарчето Буњаковец. Следната година бил формиран одбор за традиционална прослава на Бадник, а од 1994 година се востанови редовна практика на оваа манифестација да има Бадникар - кум. Меѓу кумовите на оваа манифестација биле многу познати бизнисмени и личности од јавниот живот на Скопје. Предвидена е и богата програма во рамки на која ќе настапат повеќе познати естрадни ѕвезди. Пригодни подароци, организаторите на бадникувањето ќе им однесат на лицата згрижени во Домот за стари лица во Злокуќани. Годинава пред Соборниот Храм „Свети Климент Охридски“ ќе биде спроведена акција за собирање средства за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“, со што скопјани на овој убав и свечен ден ќе ја покажат својата солидарност и хуманист. Во пресрет на Бадник, вечер во скопските маала и во другите населени места во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. ![]() Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Весели Божиќни празници! Христос се роди! Вистина се роди! Христос се роди! Вистина се роди! Христос се роди! Вистина се роди! Клеопатра |



Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Јовица Угриновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.


















