Среда, 13 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година
Со сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.

За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата.

Оваа традиција во Битола се негува со децении. Но, во последните години битолските домаќинки го менуваат обичајот и од семеен- Василица стана празник што се слави по кафеани. За разлика од другите градови каде што паричка во леб се крши за Бадник, битолчани го прават тоа на Василица. Згодите и незгодите од празнувањето се раскажуваат преку целата година.

„Моето друштво над 30 години се собира за прослава на Василица. Сите сме другари од детството и ова се најубавите моменти од дружењето. Домаќинката го сука мазникот и го дели на онолку луѓе колку што има на масата. Тој се врти до трипати, а среќникот добива пригодна награда“, раскажува еден битолчанец.

Ноќта спроти Василица, по вртењето на мазникот обично направен со кисела зелка, се јадат домашни колбаси и се пие домашно вино. Оној најсреќниот го фрла првиот зар и почнува коцкањето. А потоа се завршува со песна и оро до рано наутро. „Комар се игра на ситно, колку да си ја испробаме среќата. Играат и мажи и жени. Играта и песната не' занесуваат“, велат битолчани.

Сепак, иако Василица е празник кој по традиција се одбележува во домашна атмосфера, собирањата на големите друштва им направија дополнителни обврски на битолските домаќинки, па под нивни притисок Василица веќе неколку години масовно се слави низ битолските кафеани.

Со домаќинлукот- на оној кој ќе му се падне паричката- тој е наредна година домаќинот- а со тоа кружи и една анегдота. Ако не сакаш да бидеш домаќин- голтни ја паричката.

Битолчани ,,вртат мазник“ на денот на Василица и на своите работни места, по институциите, чаршијата, фабриките... Насекаде се прославува со традиционалниот мазник, а нема пекара во Битола да нема мазник на тој ден и тоа со паричка. Врз мазникот сите кои се присутни ставаат пари, од кои на оној на кого ќе му се падне паричката ќе му се дадат парите да си купи домаќински подарок, а пак во некои кругови предходи собирањето на пари еден ден пред денот на вртење на мазникот и се купува подарок.
Каде има Битолчани се пренесува оваа традиција, така е и во Америка, Европа, Австралија и насекаде по дијаспората.                                 

Битолчани од дијаспората прославите на Стара Нова Година и Василица ги прославуваат во ресторани и си организираат и мазници со паричка.

Оваа паганска традиција се практикувала и кај македонците од егејот.

- Мојата баба и дедо беа македонци од Егејскиот дел на Македонија. Потекнуваа од две различни села во близина на Солун - Ајватово (денес Лити) и Ново Село (денес Неохоруда). Баба ми цел живот правеше погачи со парички и за Бадник и за Василица, оти двете села имале различен обичај, па на сите да угоди. Притоа да не заборавам да го кажам фактот дека обичаите ги наследиле од нивните семејства кои тука живееле со генерации,-  раскажува Лефтер- по потекло од беломорска Македонија кој денес живее во Битола.

Во Австралија се прославува во "Баркли" ресторанот во Рокдаел во свечена и весела атмосвера во убав амбиент и прекрасна Македонска музика.

Традиционално секоја година на секоја маса се сервира мазник а, во еден од нив се наоѓа Василичарското паре. Најсреќниот кој ќе го пронајде парето добива вредна наградата од организаторите.

Оваа прекрасна вечер вообичаено е збогатена исто така и со лотарија подарок од Македонските бизнисмени. Лотаријата секогаш е пропратена со големо интересирање од присутните поради убавите и вредни награди.

Инаку приходот и од оваа вечер оди во фондот за хуманитарни цели.

И годинава Битолскиот социјален клуб од Мелбурн организира дочек на Стара Нова година и свечено ја прославува Василица. Социјалниот клуб на Престон Македонија е местото на настанот, а за добрата атмосфера се грижат македонски оркестар и интерпретатори.

Најголема атракција на вечерта традиционално се мазниците. На секоја маса има мазник, а во еден од нив е паричката.
Гостите расположени уживаат до доцна во ноќта или до раните утрински часови.

Па Македонци- Среќна Македонска Стара Нова Година 2010.

Клаудија Лутовска
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.