Петок, 15 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Интегрални обраќања на претседателите Иванов и Желев на врачувањето на орденот „8 септември“
Ѓорге Иванов и Жељу Желев
Во прилог се интегралните обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и на поранешниот Претседател на Република Бугарија д-р  Жељу Желев, по повод денешното врачување на орденот 8 септември на Претседателот Желев.

Обраќање на Претседателот Иванов

Ѓорге Иванов

Дозволете ми да го изразам моето големо задоволство, што денес, сме собрани овде, за на пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија им дадеме една нова и значајна потврда.

Денес на еден голем и докажан пријател на Република Македонија, на еден симболичен начин, ќе му одадеме признание и искрена благодарност за неговиот личен придонес во воспоставувањето, развојот и зајакнувањето на односите,  меѓусебното почитување и доверба, меѓу двете соседни земји.

Последната декада од минатиот век донесе историски промени, потполно изменуваќи ја и географската и идеолошката карта на Европа. Со падот на комунизмот се создадоа нови европски демократии кои се вклучија во остварувањето на сонот за обединета Европа. Токму на почетокот на деведесеттите години Вие претседателе Желев, ја имавте привилегијата да бидете не само предвесник, туку и двигател на демократските процеси кои ја зафатија Република Бугарија. Со Вас, во Бугарија, освен процесот на демократизација започна и процесот на остварување на Евро-атлантската перспектива. Денес, во голема мера, благодарение на Вашите заложби и дела зачнати во едно многу тешко време, Република Бугарија, го живее сонот и ги ужива привилегиите од визијата за обединета Европа, од членството во големото евроатлантско семејство.

Бурните деведесетти години од минатиот век, започнатите процеси на плурализам и демократизација, рушењето на железната завеса, гаснењето на старите и етаблирање на нови држави, донесоа и остварување на вековниот сон на Македонскиот народ за самостојна, независна и суверена држава. Процесот на признавање на нашата назависност и држава, како и меѓународната афирмација, беше трновит, полн со предизвици, блокади, оспорувања, кои трааат до ден денес. Предводник на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија под нејзиното уставно беше токму Република Бугарија, на денешен ден, пред 18 години. Тоа беше чин што покажа дека визијата за обединета Европа каде што секој народ и држава можат да си го најдат своето место, не завршува во рамките на сопствените држави. Таа визија важи за сите подеднакво. Мудроста и државништвото што Вие и Вашата држава го покажавте, поддржувајќи ја Македонија како непосреден сосед е патоказ како треба да се градат односите во нашиот регион. Македонија и македонските граѓани никогаш нема да ја заборават подадената рака од Република Бугарија. Доделувањето на ова признание е само уште една можност да Ви да се изрази најдлабока и најискрена благодарност претседателе Желев, за Вашата лична посветеност, за Вашата улога, не само во признавањето, туку и по тоа, во развивањето на односите и соработката, во изградбата на меѓусебното почитување и разбирање помеѓу нашите две држави и народи.

Со жалење можам да констатирам, дека и по 18 години, Република Македонија се уште се соочува со искушенија и предизвици, и тоа не по своја вина. Потребата од историски одлуки за Република Македонија не е завршена. И покрај тоа, ние продолжуваме на демократски начин да ја градиме и унапредуваме нашата држава и општество, нашиот модел на функционална мултиетничка демократија, секогаш избирајќи го патот на одговорен и конструктивен чинител во овој дел на Европа, секогаш водејќи се од регионалните и пошироки интереси и цели, од заедничките вредности. На нашиот пат, во Република Бугарија гледавме, гледаме и ќе гледаме искрен поддржувач и партнер. Во Република Македонија пак, Вие секогаш сте имале, имате и ќе имате најблизок и најверен пријател. Сакам уште еднаш да повторам, ниту една непримерна изјава и гест на било кој политичар, јавна личност или медиум, од било која страна, не може и не ќе може да ги наруши длабоки врски меѓу нашите држави и народи. На овие простори, вклучително и во нашите држави, има личности чии визии се заглавени во историските предрасуди, старите идеолошки прашања. Има кој да се занимава со историјата. Државните раководства треба да се занимаваат со сегашноста и иднината.

Јас, својата визија ја гледам во добрососедските односи, во заедничката европска и евроатлантска иднина, не само на нашите држави, туку на целиот регион.  За мене не постојат никакви дилеми за тоа каде Република Македонија, оди и каде припаѓа.

Вашиот стремеж за слобода, демократски дух, благосостојба и просперитет на сите во закрилата на модерна Европа не заврши со завршувањето на Вашата претседателска функција. Благодарение на фондацијата која го носи Вашето име и на Балканскиот политички клуб чиј претседател сте, Вашата активност продолжува со несмалено темпо. Секако не може а да не се подвлечат бројните книги и публикации кои излегоа од Вашето перо оставајќи траен печат на европската општествена и политичка мисла. Навистина сме почестени што некои од нив се преведени на македонски јазик, но уште повеќе, почестени сме од можноста да Ви го врачиме Орденот 8ми септември.

Со чувство на искрена и длабока благодарност, во името на граѓаните на Република Македонија, Ви го предавам Орденот 8ми септември.

Обраќање на Претседателот Желев

Жељу ЖелевПоминаа 18 години од признавањето на Република Македонија од страна на бугарската држава. На овој ден 15 јануари 1992 година Бугарија официјално ја призна Република Македонија како самостојна и независна држава, заедно со другите три поранешни југословенски републики - Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Ние многу внимателно го следевме текот и развојот на ова прашање внатре во Европската унија. Европската комисија штотуку беше изработила критериумите по кои треба да се оценува која од поранешните југословенски републики може да биде признаена како суверена држава, односно да бидат гарантирани нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет. Доколку си сеќавам едниот од нив беше на нејзина територија да не се водат воени дејства, другиот - таа самата да не учествува во војна на територијата на соседните републики и третиот критериум, да ги решава на демократски начин внатрешно-политичките проблеми. Заедно со тоа, Европската комисија одлучи да се формира специјализирана правна комисија, која врз основа на изработените критериуми да процени кои од републиките ги исполнуваат овие барања и да поднесе извештај до Европската комисија. За шеф на оваа правна комисија беше назначен познатиот француски конституционалист Роберт Бадентер. Процената на комисијата "Бадентер" беше дека само две од поранешните југословенски републики ги исполнуваат условите за меѓународно правно признавање - Македонија и Словенија, останатите - не. На специјалното разгледување во Европската комисија, сепак, Македонија беше блокирана од ветото на Грција, бидејќи таму одлуките се донесуваат со консензус. Тоа беше очигледна неправда спрема Република Македонија, а од страна на Европската унија слична одлука беше не само неправедна, туку и беспринципна. Европската комисија ги погази сопствените критериуми според кои требаше да се случи признавањето. Тоа многу не раздразни и возмути. Тогаш решивме да ја признаеме Македонија заедно со другите три републики уште повеќе, дека во тоа време Бугарија не беше членка на Европската унија и затоа нивниот консензус при донесувањето одлуки воопшто не не засегнуваше.

Што е вистина, Европската комисија не беше многу задоволна од нашето решение. Тоа беше против одлуката на Европската унија. Но во исто време не можеа да не натераат да се сообразуваме со него.

Кажаното до тука се однесува поскоро до процедурата на настаните, која не ги покажува битните причини за нашата активност и решителност. Имаше подлабоки причини, кои не обврзуваа да дејствуваме така. Најопшто земено, тие беа два типа: конјунктурно- политички и историски. Тогаш војната веќе беснееше врз поголемиот дел од територијата на разнишаната југословенска федерација. Само Македонија се уште не беше зафатен од неа, но на нас ни се чинеше дека тоа секој момент може да се случи. Ништо не можеше да ја сопре југо -армијата ако Милошевиќ беше решил да ја ориентира во оваа насока. При таков развој на работите војната требаше да се појави на нашата западна граница, што пак од своја страна, лесно можеше да се претвори во прелудија кон една нова балканска војна. Затоа ние не штедевме сили и време да работиме тоа да не се случи. Се сеќавам точно во тоа време кај мене во Претседателството дојде воена делегација од НАТО да се запознаат со воената ситуација на Балканот и особено во Југославија. Ние им го опишеме драматизмот на ситуацијата и побаравме да разместат војници на границата помеѓу Македонија и остатоците од Југославија, која веќе беше зафатена во пламен. Ветија дека ќе распоредат симболични единици, кои ќе служат како предупредување, дека НАТО нема да стои со скрстени раце, ако си дозволат да навлезат на територијата на Македонија. Подоцна кога дојде друга слична воена делегација и ние запрашаме дали си го исполнија ветувањето, нивниот одговор беше позитивен. Имале такви единици во текот на неколку недели и кога дознале дека опасноста е помината, ги повлекле.

Натамошното проширување на војната и ожесточеноста на воените дејства, кои доведоа до убивањето на стотици илјади луѓе, главно мирно население, покажа дека бугарското признавање на Македонија иако достојно за почит, далеку не беше доволно да ги промени работите во регионот, камо ли да прекине војната. Стана јасно дека треба да се бара признавање од максимално голем број земји. Во остварувањето на оваа цел ние се насочиме најпрво кон Република Турција, која одамна веќе беше член на НАТО, но не на Европската унија, што всушност значеше дека таа не е обврзана со веќе донесена одлука за непризнавањето на Република Македонија. Го искористив меѓународниот економски форум, кој се одржуваше во Давос на 30 и 31 јануари секоја година. Побарав од мојот протокол да ми уреди средба со премиерот на Турција, Сулејман Демирел. Тогаш Демирел сé уште не беше претседател, на чело на државата беше Тургут Озал. Му реков на Демирел, дека пред 15 дена Бугарија ја призна Република Македонија заедно со другите три југословенски републики. Ги објаснив мотивите за ова наше решение, и истакнав дека тоа според нас претставува значаен придонес во зајакнувањето на стабилноста на Балканот и дека многу поголем придонес може да направи Турција, ако таа ги признае.

Бидејќи Турција не е некоја мала земја, како што се повеќето земји во регионот, напротив, таа е регионална супер- сила со втората по големина армија по САД. Премиерот Демирел ме ислуша внимателно, постави неколку прашање за прецизирање и откако ги слушна  одговорите, кажа дека за една недела турската влада официјално ќе ја признае Република Македонија. И навистина, во почетокот на февруари 1992 година во етерот беше објавено за донесената одлука.

Понатаму нашите напори беа насочени кон Руската Федерација, таа да ја признае Македонија. Руското признавање требаше да има многу поголем одек во светот и најважно требаше да охрабри многу повеќе земји да го направат истото. Се пак, Русија како наследник на Советскиот Сојуз не беше изгубила потенцијал на супер- сила. Благопријатната ситуација за успех во оваа насока беа добрите односи меѓу претседателот Елцин и мене, утврдени по неуспешниот обид за државен удар во Москва на 19 август 1991 година. Тогаш јас му дадов цврста поддршка на Елцин со специјална декларација емитувана уште изутрина, го нареков пучот неосталинистички и неокомунистички а со додаток - и противуставен, поради што треба да биде смачкан со сила.

Но, изгледа многу силно впечаток на Елцин му направила мојата изјава со упрек кон западните политичари и државници, кои уште рано наутро на 19 август беа излезени со многу дипломатски  декларации во однос на учесниците во превратот во духот на: "... ние нема да се мешаме во внатрешните работи на Советскиот сојуз, но веруваме дека новата власт ќе ги почитува сите договори потпишани со Советскиот Сојуз од видот на Салт-1, Салт-2 и така натаму.

Во одговор на мојата цврста поддршка, наскоро, по неуспехот на пучот, Елцин ме покани на работна посета во Москва, со сите почести дадени на нашата делегација. На вториот ден од нашата посета Елцин сосема неочекувано ме запраша: дали можам ли да ја признам Руската федерација за самостојна држава и да донесам одлука да воспоставиме дипломатски односи со ранг на амбасади меѓу Руската федерација и Република Бугарија. Му одговорив: господин претседател, за жал, Бугарија е парламентарна република, а не претседателска, како што е кај вас. Според нашиот устав, владата може да донесе одлука ... Ако бевме претседателска република, без двоумење и по убедување веднаш ќе го направев ... Но, ќе направам се што е можно нашата влада да донесе таква одлука пред да полетаме за Софија ... И навистина истата вечер, поточно - во ноќта, Владата на Димитар Попов донесе таква одлука. На другиот ден, јас му го соопштив тоа на Елцин, што многу го израдува  и остана задоволен.

Веројатно неговата цел била да го избегне двовластието во Кремљ, бидејќи тоа беше очигледно и секој пат, кога ние влегувавме со колите во Кремљ гледавме како двете администрации на Елцин и Горбачов се натрупуваат на прозорците да гледаат што се случува. За мене поважно беше дека империјата си оди, дека Советскиот сојуз е веќе патник, кој по два месеци, требаше да си отиде во нестварноста. А Бугарија, по Литванија, требаше да стане втората земја што удри шајка во ковчегот на Советскиот сојуз. Ги раскажувам ги овие детали, бидејќи тие објаснуваат зошто Елцин се чувствуваше толку задолжен да ја поддржува каузата на Македонија, која ние веќе ја бевме прифатиле како своја кауза. На оваа тема за прв пат ние разговаравме во Истанбул во јуни 1992 година за време на Самитот на земјите учеснички во Црноморската економска соработка, тогаш Елцин цврсто вети дека ќе ја признае Македонија.

Вториот разговор беше во јули истата година, за време на Средбата на врвот за безбедност и соработка во Европа, која се одржа во Хелсинки. Овде Елцин изрази жалење дека досега не успеал да го направи признавањето на Македонија, поради ужасната претрупаност со нивните сложени и измешани проблеми. Третата средба со Елцин, на која тој официјално ја призна Република Македонија од името на Руската Федерација, беше во Софија на 4 август 1992 година, за време на неговата официјална посета, каде што беше потпишана новата меѓудржавната спогодба помеѓу Република Бугарија и Руската Федерација.

Сме потканувале многу други земји да ја признаат Република Македонија. Некои од нив се согласуваа и го правеа. Особено многу напори вложивме да ја убедиме американската администрација и дипломатија да го стори она што требаше да го сврти светското јавно мислење за ова прашање. Колку пати доаѓала госпоѓа Олбрајт, тогаш Државен секретар, сме ја убедувале САД да ја признаат Македонија. Ова ќе биде голем придонес за безбедноста на Балканот, не само за Македонија. Освен тоа, тие не се ангажирани со консензусот на Европската унија при донесувањето на овие одлуки. Секогаш ни велеа дека тоа е многу интересна идеја и ќе ја разгледаат сосема сериозно. Но од тоа ништо не се добиваше. Дури 15 години после нас претседателот Буш помладиот ја призна Македонија под нејзиното уставно име.

Денес, кога Република Македонија е признаена со нејзиното уставно име од 127 земји меѓу кои Руската Федерација, САД, Кина и Велика Британија е срамота да се прават опструкции Република Македонија да фигурира со нејзиното уставно име насекаде. Изборот на името на една држава е свето право на нејзиниот сопствен народ и ниедна меѓународна институција нема право да и натрапува друго име на оваа земја. Ниту Обединетите нации, ниту ЕУ, ниту НАТО, ниту Советот на Европа можат да си дозволуваат да наметнат име што не е по волјата на народот на таа земја. Со исклучок на еден случај, кога името на таа земја го копира името на некоја друга земја или држава. Во ваков случај оние кои го злоупотребиле името на таа земја можат соодветно да бидат санкционирани само од надлежните судови и да воведат принудно менување на тоа име. Благодарам за вниманието!

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.