|
||||
Велигденска честитка од Светскиот Македонски Конгрес |
Светскиот Македонски Конгрес на сите христијани во Македонија и на сите Македонци христијани во светот им го честита големиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден.
Нека десетте Божји заповеди бидат патоказ во нашиот живот, нека љубовта и мирот во вашите души и срца ја победат омразата и војната. Радувајте се на живтот, сакајте ги родителите и фамилијата, почитувајте ги луѓето, сакајте ја татковината Македонија затоа што таа е единствена и незаменлива. Не постои човек, не постои сила, што ќе ја промени верата во нашиот Господ Бог Исус Христ и нашата љубов за Македонија. Не постои човек, не постои сила, на кои ќе им дозволиме да го променат државното име Македонија! За тоа велепредавство и злосторство нема покајание и простување! Љубов и мир меѓу луѓето на земјата, слава на Господа во висините! Христ воскресе, навистина воскресе! |