Вчера на градските гробишта во Куманово, се одржа панихида за Драган Богдановски – основач и прв уредик на весникот „Македонска нација“. Чест на ветеранот и татко на ВМРО – ДПMНE Драган Богдановски му оддадоа стотина негови истомисленици, членови на потесното семејство на Богдановски, истакнати родољуби и патриоти.
Настанот беше организиран од страна на иницијативниот одбор за формирње на Здружението „Драган Богдановски“, семејството на Драган Богдановски и редакцијата на веб-порталот „Македонска нација“.
|