Сабота, 17 Април 2010    PDF Печати Е-пошта
Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета
Сестра Љуба и Мане Јаковлески
Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, нарекувајќи го предавник во емисијата „Отворено со народот“
Киро Кипроски
Утрински весник

ГОСТИВАР - Мане Јаковлески, претседател на Здружението за спас на Љубе Бошкоски, ќе седне на обвинителна клупа во скопска „двојка“ и ќе одговора за клевета, по приватна тужба на Љубе Бошкоски. Според изнесените факти во тужбата, Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, достоинството и угледот, нарекувајќи го предавник во емисијата на МРТВ „Отворено со народот“. Овој прилог беше емитуван лани на 4 декември, со тема „12 години затвор за Јохан Тарчуловски - судбина или предавство“. Бошкоски од судот бара Јаковлески да биде прогласен за виновен и да му исплати нематеријална штета од 1.500.000 денари.

Јаковлески и Бошкоски беа долгогодишни сопартијци, блиски пријатели. Како претседател на Здружението, Јаковлески четири години беше носител на сите активности за да ја докажат вистината за Бошкоски пред Хашкиот суд. Во 2008 година Бошкоски беше ослободен и се врати во Македонија.

Тврдењата за навреда тужителот Бошкоски ги поткрепува со извадоци од настапот на Јаковлески. „... Партијата го бранеше во Хаг, го одбрани и по враќањето од Хаг, ни го сврте грбот. Тој почна да плука по сите нас, по неговата тогашна партија, по мене, неколку пати ме навредуваше на митинзите што ги одржуваше низ Македонија, секојдневно го навредува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. За мене беше шок кога ја видов снимката. Не можев да поверувам дека Љубе, кој глумеше дека е патриот и пријател на Јохан Тарчуловски и на неговото семејство, врши предавство токму на Јохан“ ...

„Не сум изненаден од се' што кажа и што направи Бошкоски, по излегувањето од затворот во Хаг, па и со поднесувањето на тужбата“, изјави Јаковлески. Снимките објавени на „Јјтјуб“ ги коментирав во емисијата ‘Гласот на народот‘, не ги измислив“, рече Јаковлески.

„Можеби како претседател на Здружението не сум направил доволно за неговата одбрана, можеби не сум го посетил почесто во затворот во Хаг и затоа ми се лути“, со разочарување вели Јаковлески.

Тој му порача на Бошкоски повеќе да не навредува кој било член на ВМРО-ДПМНЕ. „Можеби ВМРО-ДПМНЕ е виновна што Бошкоски е на слобода“, вели Јаковлески.

Извор: Утрински весник
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.