Сабота, 29 Мај 2010    PDF Печати Е-пошта
Претседателот Иванов му ја врачи наградата „Борис Трајковски“ на Бернд Поселт

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во претседателската резиденција му ја врачи наградата „Борис Трајковски“ на Бренд Поселт, член на Европскиот парламент.
ivanov-20100529
- Радосен сум што денес еден докажан пријател на Македонија ја добива наградата “Борис Трајковски“, пријател кој, повеќе од две децении силно ја поддржува македонската независност и правото на национален идентитет и просперитет на нејзиниот народ. Бернт Поселт ги следи своите политички идеи, принципи и идеали доследно, а не под влијание на дневната политика. Тој е силен глас во Европскиот парламент за правата на сите помали европски држави на сопствен идентитет и интегритет, рече претседателот Иванов.

На врачувањето на наградата, Иванов истакна дека Паневропската унија континуирано го поддржува развојот, продлабочувањето и проширувањето на Европската унија и оти придонела за постигнување на Лисабонскиот договор што е уште еден чекор во насока на географското и политичкото обединување на цела Европа во рамките на ЕУ.

Според него, преку ширењето на идејата за обединета Европа, најдобро се бориме за европските вредности и идеали, слободата, демократијата, владеењето на правото, но и забраната за кршење на индивидуалното право на идентитет и достоинството.

- Европа, која се темели на тие вредности, треба да остане достојна на големата визија за обединет и отворен континент. Затоа, ги охрабруваме нашите европски партнери, во нивниот пристап кон Македонија да останат доследни и принципиелни. Ги охрабруваме што почесто да го користат компасот на обединувањето и единството. Лисабонскиот договор ни ја нуди шансата. Во име на заедничката иднина, во име на аманетот на оние кои го градеа обединувањето, денешното лидерство во Европа треба да покаже визија и да ја искористи можноста, нагласи претседателот Иванов.

Според Поселт, Македонија заслужила да добие нобелова награда за мир за тоа што го сторила во 1999 година со бегалската криза и за мирното напуштање на Југославија.

- Оваа награда за мене лично е огромен поттик да работиме, да ја обединиме Европа врз основа на помирување. Македонија не треба да влезе во Европа. Вие сте европска земја, земја од срцето на Европа, рече Поселт.

Меѓународниот претседател на ПЕУ, Ален Тереноар уште еднаш ја повтори поддршката на ПЕУ за Македонија.

- Македонија во Паневропската унија има пријател и поддржувач кој ќе ги застапува нејзините легитимни интереси, истакна Тереноар.

ПЕУ е формирана во 1923 година како движење што го трасираше патот кон единството, мирот и напредокот. Повеќе од 60 години работи на пораката за голема, обединета Европа.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.