|
||||
Заврши Вардарската регата Гемиџии |
Заврши тридневната Вардарска Регата Гемиџии со пристигнувањето на учесниците во Гевгелија. Пред крајот се случи инцидент во кој се преврте дрвениот сплав Гемија во кој беа велешкиот градоначалник Горан Петров и претседателот на Советот Славчо Чадиев. Причина за превртувањето на сплавот беа шини од стар срушен мост. На целта на учесниците во Вардарската регата и на својот велешки колега градоначалникот Горан Петров добредојде им посака Илија Франгов градоначалникот на Гевгелија, кој даде поддршка на оваа манифестација. Вардарската регата Гемиџии почна на 1 јули од под мостот Гемиџии во Велес. Шеесетината учесници со шест гумени чамци неколку кајаци и дрвен сплав Гемија низводно по Вардар поминаа 110 километри со три ноќевања во Стоби, Демир Капија и Марвинци. - Целата регата помина беа никакви проблеми со мал инциден пред целта, иако теренот баш на тоа место неколку пати го проверувавме, но сепак среќно заврши, изјави Зоран Ѓуров координатор и организатор на регатата од Сојузот на спортови на Велес, а под покровителство на Општина Велес. Вардарската регата е 11 по ред, првата се одржа во 1984 година. Оваа е по пауза од 17 години, а како и сите досегашни е во чест е на славните Гемиџии или Солунски атентатори од 1903 година. Организаторите имаа желба Вардарската регата Гемиџии догодина да плови по Вардар се до Солун, до влевањето на Вардар во Егејско Море. {gallery}Vardarska-regata-Gemidzii{/gallery} |