Среда, 07 Јули 2010    PDF Печати Е-пошта
Посета на с. Русиново и местото каде што загинал Дамјан Груев
Здржението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев - Битола од Битола, на секој начин се труди да ги заштити постигнувањата на Дамјан Груев, кои во минатото беа не само занемарувани, туку и препишувани како доблести и заслуги на други наши Дејци! Па така ние како Друштво решивме тоа да го промениме и главен акцент да му ставиме на една од централните фигури во тоа време!

Активности иако младо и релативно ново друштво се многубројни и во иднина планира така и да продолжат. Една од активности на Здружението беше секако и посетата на местото каде што загинал Револуционерот. Даме Груев последните денови од својот живот ги поминал во Русиново.
Dame-Gruev400
Мал осврт на причината на посета:

Четата на Дамјан Груев влегла во селото и заседнала во куќата на Димитар Р. Алаѓозов, но направила фатална грешка бидејќи не обезбедила стражари внатре и околу куќата. Иако биле предупредени од домакинот дека утрината ќе дојдат турци за да си го соберат данокот,русинскиот комитет не го обезбедиле Дамјан Груев со нова побезбедна куќа. Па така утрината во куќата на Алаѓозови влегле двајца Турци. Тие качувајќи се по скалите ги виделе низ отворената врата комитите кои живо разговарале во собата на горниот кат. Турците наместо да побегнат, се наместиле под скалите и отвориле оган. Прв слегол по скалата Сандо Китанов, но не бил погоден. По него се симнал Даме кој се здобил со рана во десната нога. Другите четници излегле на задната врата и тргнале нагоре кон плотовите. Четникот Ѓорѓи Поп Стојанов од с. Владимирово, којшто ја следел трагата на Китанов, правејќи обид да се префрли преку плотот бил погоден од два куршума. Тој бил првата жртва блиску до куќата.

Привлечени од пукањето, на помош на Турците, на местото пристигнале и “таксилдарот - бирник и заптијата којшто го придружувал. Пристигнала и војската која престојувала во Владимирово...”.

Даме Груев и Ѓорѓи Карчов излегле надвор од селото со еден смел курир Григор Митов Крапев, кој за жал бил без оружје и не можел да им дава помош. По Дамета имало неколку потери на војски, а раната која крвавела оставала траги по пресниот снег на земјата. Стасале до југоисточната стрмнина на врвот Петлец, во месноста Валмето, кај Белите Камења. Тука се отворила борба, а Даме го отстранил курирот за да не стане и тој жртва.

И така, запишал Русински, “во крвавата битка прочуениот смилевски даскал, апостолот на македонската слобода Даме Груев, ја најде својата херојска смрт” на 23 декември 1906 година. Следниот ден, на 24 декември турските воени власти наредиле убиените да се кренат од местото на погубувањето и да бидат погребани. Селаните ги погребале Даме Груев, Сандо Китанов, Ѓорѓи Карчов во еден гроб кај русинската црква. Телото на Ѓорѓи Поп Стојанов си го однесле во Владимирово.
tuka-zagina-dame-gruev
Па така во таа чест членовите на Здружението го посетиа местото каде што тој загинал. Иако местото каде загинал Даме Груев и плочата која денес е поставена токму на тоа место е многу оддалечена од патот до каде што е проодно, сепак членовите на здржението стигнаа до зацртана цел.

Посетата беше достоинствена и секако со поклон на тоа место! Се остварија добри контакти со градонаЧалникот на општината Берово господинот Драги Наџински како и тамошното население при што се одлучи во иднина да се има комуникација и меѓусебна соработка и помагање.
Dame-Gruev400-2
Исто така членовите на Здржението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев - Битола од Битола,го посетија и првобитното гробно место на Дамјан Груев како и бистата која е поставена во селото Русиново.

Секако ова нема да биди последната посета на Русиново и тука нема да застанат активностите на Здржението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев - Битола од Битола,
zdruzenie-dame-gruev
Владо Кузмановски и Благојче Андонов
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.