|
||||
Дали во СДС има некој нормален? |
Дали во СДС има некој нормален? Ако имаше криминал одамна ќе ја осудеа Сања Божиновска додека беа на власт, а не сега да измислуваат наводни афери читајќи пресови кои Филипче и Заев им ги диктираат од некоја плажа. Ваквите небулозни пресови на СДС се само одраз на нивната изгубеност. 7 години СДС ги користеше институциите за прогон. 7 години судеа кој ќе стигнат и како ќе стигнат. И сега најдоа да зборуваат за криминал. Па да имало било каков доказ за човек близок до ВМРО-ДПМНЕ тој одамна ќе бил во затвор. Смешни се пресовите на Кузевска за картели и фавели, нека се сврти зад себе, таму ќе го најде наркокартелот од Муртино, до него е медоцинската тендер мафија Филипче - Пановски, а веднаш до нив Ковачевски и фотоволтаиците на сопругата и фабриката на кумот. Нема поголем картел од криминалната банда која ја исцица Македонија 7 години и ја доведе до банкрот и ги сруши сите нејзини институции. Тоа е картелот на Заеви и нивниот пион, докторот за тендери Филипче. |