На прво место

БАЛКАНСКИОТ ПОЕТСКИ КАМП „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ГИ СПОЈУВА ПИРИН, ЕГЕЈ, ВАРДАР И МАЛА ПРЕСПА

94 copy

94 copy

Основоположникот на македонската литература за деца и млади Ванчо Николески,  преку здружението „Мацково“, седум година го организира Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”, единствената таква манифестација на Балкланот. Се одржува под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”.

Една од мисиите на манифестациите е преку поезијата на Николески, да бидат прегрнати четирите дела на етничка Македпонија. Во таа смисла, минатогодишната манифестацоја, беше организирана и се одржа под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”, Традиционално, започнува во селото Лескоец крај Охрид, во основното училиште кое го носи името на Ванчо Николески, а се одржува во Охрид,Струга, Вевчани,  Белчишта и Црвена Вода, а минатат година, за прв пат се одржа во  Пустец, Мала Преспа, во Албанија.

Светлината на оваа манифестацие е што насекаде се  рецитираат, се читаат и учат песни на македонски јазик.  Така, минатата година, на манифестации, покрај децата, беа присутни и првите луѓе на Македонските асоцијации од Бугарија, Грција и Албанија, потоа македонисти  кои работат за македонското дело и други видни личности.

Инаку, секоја година, учесниците на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  положуваат цвеќе на вечното почивалиште на Ванчо Николески во Охрид, редовно ги примаат градоначалниците на општините, Охрид, Дебрца и Вевчани, а во Белчичта ја  разгледуваат богатата галерија од Уметничката колонија „Дебрца“, најстара во Македонија.Во селото Црвена Вода, пак, учесниците ја посетуваат родната куќа на Ванчо Николески и Спомен собата во учичишната зграда.

За одбележување е тоа што во 2024 година, еден ден учесниците беа во Мала Преспа, Албанија, кадешто живеат етнички Македонци, како гости на своите врсници, ученици во училиштето во Пустец. Централниот прекуграничен настан беше организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, познат литературен деец од Албанија, со македонско етничко потекло, како поетска работилница, водена од   поетот, проф.д-р Христо Петрески.

  944

Членови на Кампот со претседателката Гордана Сиљаноска – Дафкова

Организаторите планираат, годинава, еден ден Кампот да се одржи на територијата Во Долна Преспа, на брегот на Преспанското Езеро, регион кој е кај јуѓниот сосед,  каде живеат Македонци. Притоа, Павлос Васкопулос Филипов, од Лерин, вели дека расте интересот за изучување на македонскиот јазик во Грција, иако грчката држава се’ уште официјално не дозволува училишта на македонски јазик.

„Сите свесни Македонци, македонски семејства се интересираат и ќе го прават тоа што им налага достоинството.  Многу млади учествуваат во културните манифестации и панаѓури во селата, играат и слушаат македонски песни, но треба и чекор напред“, вели Павле Васкополус , член на претседателството на „Виножито“ од Лерин.

Притоа, треба да се нагласи дека мисијата на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  е да се отстранат притисоците врз Македонците во соседните земји, Грција, Бугарија и Албанија.

„Ние сме континуирано под притисок најмногу последните години од 2017 година, од кога се произнесе бугарско малцинство кое не постои и од тогаш тој притисок е поинтензивен најмногу во овие последни 2 -3 години. Сега Бугарија ја легитимира својата политика, успеа на пописот во Албанија да извади Бугари и да настапи уште пожестоко за да ги асимилира Македонците во Албанија“, вели Васил Стерјовски, претседател на македонската партија во Албанија.

Меѓутоа, факт е дека сите  го помагаат Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески” во Охрид и нагласуваат дека истиот  симболично  ги спојува Егејот, Пиринот, Вардарот и Мала Преспа.

Исто така, здужението „Мацково“, кое го носи името на родниот крај на Ванчо Николески, како дел од селото Црвена Вода, има  воспоставено прекугранична соработка со Органиазијата за литературна и културна активност од Корча, Албанија, која е  коорганизатор на манифестациите во Мала Преспа.

Притоа, учесниците на средбата во Долна Преспа имаа прием кај градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колески, а ја посетија  гимназијата во Пустец и музејот “Стерјо Спасе” во Глобочани.

9444 На средба со предсетателот на Општина Пустец

Инаку, Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија, додека, финансиски е помогната од Општините Охрид и Дебрца, како и од спонзори и помагатели.

Со учесниците на ова значајна манифестација од Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”, во 2024 година  се сретна и претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљаноска Дафкова, како што пред тоа пет години го правеше поранешниот претседател – Стево Пендаровски

За жал Министерството за култура, и покрај тоа што Кампот го користи  како референца за свои потреби, објавувајќи информации на својата официјална страница,  втора година одбива да го финасира.

Меѓутоа, името и делото на Ванчо Николески посебно се слави и во Австралија, од каде, во име на Литературното друштво “Ванчо Николески”, со снимена видео порака Тоа што не се препознава овде, се препознава во далечна Австралија. Младинското литературно друштво “Ванчо Николески” од Квинбeјан, далечна Австралија, со богата програма посветена на патронот, веќе, прослави осум години постоење.

Во Австралија се собират љубители на македонскиот пишан збор, се игра  орото со КУД ” Разиграна Македонка” и се рецитира поезија создадена од Ванчо Николески.  Пример за тоа како треба да се сакаат и почитуваат Македонија, македнскиот јазик, културата и традицијата во иселеништвото. Тоа го прават со основоположникот на литературата за деца и млади Ванчо Николески, авторот на прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946 година, „Македонче“, како и на други бројни дела, меѓу кои, романите “Волшебното самарче” и “Гоце Делчев”, кои се дел од образовниот процес на Република Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

To top