|
||||
Христијан Мицкоски го гради новото лице на Македонија |
Вратите кон Истокот се отвораат Кога една држава сака да напредува, мора да знае каде се движи светот и да знае каде самата ќе чекори. Посетата на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација на Обединетите Арапски Емирати не беше обичен протоколарен настан туку доказ дека Македонија конечно се претвора во сериозен и амбициозен играч на светската сцена. Во регион каде што владее неизвесност, оваа посета донесе јасна порака: Македонија има визија и таа визија се гради со партнерства, проекти и доверба. Мицкоски, заедно со министерскиот и бизнис тим, ја отвори вратата за нова ера на соработка со ОАЕ еден од најмоќните инвестициски центри во светот. Фокусот беше ставен на стратешки области како земјоделство, енергетика, туризам, технологија и инфраструктура. Ова не е само надеж, ова се конкретни договори, средби со водечки компании и вложувачи, и отворена подготвеност Македонија да стане домаќин на сериозни инвестиции. Разговорите беа јасни Македонија нуди стабилност, ресурси, и лидерство подготвено за промени. Во Емиратите беше презентиран потенцијалот на Македонија како туристичка дестинација. Со својата природа, историја и безбедна средина, нашата земја може да привлече посетители од Заливот кои бараат автентично европско искуство далеку од масовниот туризам. Мицкоски лично истакна дека Владата ќе работи на развој на нови авио линии, туристичка инфраструктура и брендирање на Македонија како бисер на Балканот. Посетата не беше само економска, таа беше и дипломатска победа. Со јасни позиции, достоинствен настап и сериозен пристап кон билатералните односи, премиерот Мицкоски покажа дека Македонија може да биде респектирана држава. Соработката со Емиратите отвора врата и за поддршка во меѓународни форуми, но и за заеднички безбедносни и технолошки проекти. Ова е почеток на една нова Македонија, држава што знае да преговара, да гради мостови и да се постави како сигурен и доверлив партнер. Мицкоски покажа државотворна зрелост. Македонска нација |