|
||||
| СДС до вчера тврдеа дека власта го пуштила да избега, а денес зборуваат за договорено обезбедување пред органите на прогонот |
|
Од „бегство“ до „договорено предавање“ на Артан Груби! Револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи во случајот со Артан Груби да го пуштат од слобода да се брани е разбирлив и оправдан. Недовербата кон системот не се појави преку ноќ, таа е резултат на долгогодишно разочарување. Тоа незадоволство произлегува од седумгодишна агонија во која правосудниот систем беше изложен на силни политички притисоци, селективна правда и сериозна неказнивост. Граѓаните со години гледаа како одговорноста се избегнува, а случаите се развлекуваат без јасна разрешница. Во тој период јавноста сведочеше како поединци од политиката, од просечно ситуирани граѓани, се трансформираа во моќни олигарси, на грбот на народот. Перцепцијата дека постојат „недопирливи“ создаде длабоко чувство на неправда и дополнително ја урна довербата во институциите. Но, токму затоа овој процес е тест за системот. Судскиот процес за Артан започнува, а институциите имаат обврска да постапуваат доследно, транспарентно и неселективно. Извршната власт во овој случај имаше должност да го обезбеди неговото присуство пред органите на правдата – обврска што беше спроведена преку Министерството за внатрешни работи. Дополнителна конфузија создава променливиот политички наратив. Од СДС до вчера тврдеа дека власта го пуштила да избега, а денес зборуваат за договорено обезбедување пред органите на прогонот. Ваквите контрадикторности не придонесуваат кон расчистување на вистината, туку ја продлабочуваат недовербата. Од СДС стравуваат дека со апсењето на Артан Груби ќе се разоткријат сите врски, договори и интереси – кој му овозможувал простор за делување и со кого ги делел бизнис-интересите. Јавноста очекува одговорност. Доколку постои вина, таа мора да биде утврдена низ фер и транспарентна постапка. Судскиот процес за Артан може да биде почеток на поширока институционална расчистка. Ако се утврдат поврзаности и одговорност кај други лица, системот мора да покаже дека нема заштитени. Правдата не смее да биде ниту селективна, ниту одложена. Таа ќе постои само ако конечно се докаже дека законот важи подеднакво за сите. |





















