|
||||
| Македонија со најниски цени на горива во регионот! |
|
Македонија со најниски цени на горива во регионот! И покрај тековниот воен конфликт меѓу САД и Израел од една, и Иран од друга страна, како и блокадата на Ормутскиот теснец која влијае на светската трговија со енергенси, цените на горивата во Македонија остануваат најниски во регионот и во Европа: Македонија: Бензин 95: 1,20 € Бензин 98: 1,23 € Дизел: 0,96 €
За споредба: Грција: бензин 95 – 1,76 евра, дизел – 1,54 евра Албанија: бензин 95 – 1,97 евра, дизел – 1,92 евра Косово: бензин и дизел – 1,33–1,40 евра Бугарија: 1,31–1,37 евра Србија:европремиум бензин–1,57 евра, дизел–1,73 евра Хрватска и Словенија: 1,44–1,46 евра Германија: 1,895 евра Франција: 1,713 евра Данска: 2,03 евра
Министерката за финансии, Нина Димитриеска-Кочоска, истакна дека нема причина за паника. Таа додаде дека залихите на нафта се стабилни, инспекторите ја следат цената на бензинските пумпи, а во случај на потреба, Владата може да прогласи кризна состојба и да ги активира законските механизми за стабилизација на цените. Димитриеска-Кочоска потенцира дека Законот за акцизи обезбедува автоматски стабилизатори, кои во услови на криза овозможуваат промена на акцизата во зависност од движењето на цената на нафтата на пазарот. Министерството ќе продолжи да ја следи ситуацијата, додека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе одлучува за цените како независен орган. |





















