|
||||
| Целта на Владата е граѓаните да имаат енергенси по најевтини цени во регионот |
|
Целта на Владата е граѓаните да имаат енергенси по најевтини цени во регионот и да се обезбеди стабилност на пазарот, дури и во услови на глобални турбуленции. Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста во периодот на владеење на СДС, кога несигурноста и неподготвеноста за справување со кризи беа секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток дополнително ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час. Во такви услови, Владата неуморно работи на обезбедување енергетска стабилност и предвидливост за граѓаните и стопанството. Стратешката цел на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да има енергенси по најниски цени во регионот, и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. Во дел од соседните држави цените на енергенсите се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти. Во таа насока Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел координација на мерките и преземање на сите можни чекори за заштита на стандардот на граѓаните. За разлика од ваквиот пристап, опозицијата повторно се служи со празни флоскули и политиканство, наместо со конкретни решенија. Но тоа не е изненадување, имајќи предвид дека нивната досегашна пракса покажува дека не знаат, ниту пак покажале дека умеат да се справат со кризи. Пример за тоа е лидерот на СДС, Венко Филипче, кој во време на пандемијата со Ковид-19 покажа дека интересите на граѓаните не му се на прво место. Тогаш се обидуваше да набавува вакцини преку компанија за јужно овошје по три пати повисока цена, додека граѓаните беа приморани да се вакцинираат во соседни земји. Наместо системско решение, јавноста беше сведок на политичко шоу на границите за донација од 5.000 вакцини. СДС беше последна во регионот што обезбеди вакцини и заштита за своите граѓани. Разликата меѓу одговорното управување и неодговорното однесување е повеќе од очигледна. Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните, со јасна цел – стабилни цени, сигурност и подобар стандард за сите. |





















