|
||||
| Христос Воскресе! Навистина Воскресе! |
|
Искрени честитки до Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ на МПЦ-ОА, до митрополитите, епископите, свештениците, монасите и монахињите на Македонската Православна Црква-ОА, до политичките партии, како и до сите православни верници во Македонија, во Егејска и Пиринска Македонија, Мала Преспа, Гора и дијаспората, по повод најголемиот христијански празник–Воскресението Христово, Велигден. Во духот на Велигден, спомнувајќи го Христовото страдање и со надеж во радосната вест за Неговото Воскресение, да се потсетиме на историските искушенија и страдања низ кои поминал македонскиот народ. Богоугодно е да се сака својот род и таа љубов да се споделува со другите. Зашто оној што нема чувство за својот народ, не може да има вистинско чувство ни за другиот. Секој човек има своја мисла и свое убедување. Но, многумина стануваат едно кога ги обединува силна идеја, силна вистина како Македонија. И кога не се согласуваме, кога имаме различни политички ставови или идеологии, едно мора да нè обединува–иднината на Македонија. За неа постоиме и за неа мораме да работиме. Секој од нас дал онолку колку што можел. Ако немаме доблест да ги почитуваме заслугите на другите, тогаш барем да не ги оцрнуваме. Тоа не ѝ служи на Македонија. Македонците се народ даден да сака, да создава и да дарува. Ние сме гостопримливи, чесни и добродушни–и така треба да остане низ времето. Да го сочуваме достоинството создавано низ вековите и да го исполниме долгот кон македонскиот дух и код што го носиме во себе. Македонската света земја не е подарена–таа ни е оставена како аманет. Нека се почитува, нека се сака и нека се негува, но нека се знае дека во секој нејзин дел живее духот на древниот македонски народ. Да создаваме, зашто така се остваруваме како луѓе со добра мисла и Божји благослов–за чест на нашите предци, за доброто на сегашноста и за иднината на генерациите што доаѓаат. Честит празник Воскресение Христово-Велигден! Христос Воскресе!
|





















