Вторник, 24 Август 2010    PDF Печати Е-пошта
Поставени двата лава на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“
Општина Центар утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, од авторите Елена и Дарко Дуковски.
lav
Лавовите се високи пет метри и пет тони тешки, а излеани се во бронза во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца. Лавовите се поставени на армирано-бетонски постаменти, со висина 3,5 метри, ширина 2,4 метри и должина 5,5 метри, изработени од фирмата „Бетон“.

- Армирано-бетонските постаменти ќе бидат обложени со камен травертин и релјефи од бронза, а околу постаменти ќе има партерно уредување. Цената на двата лава изнесува 1.150.000 евра, соопшти општина Центар.

Оттаму информираат дека останатите два лава се очекува да бидат поставени до крајот на неделава.

На постаментите недостигаат уште релјефите, кои се скоро готови. Релјефите ќе бидат со мотиви од ајдутството и комитството. На нив ќе има вкрстени нож и револвер, кои се симболи на знамињата од тој период. На релјефите ќе бидат испишани имињата на хероите кои немаат свои скулптури, како што се Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Питу Гули, Васил Чакаларов, Панде Кљашев, Партенија Зографски и Григор Прличев.

Авторот Дејан Дуковски изјави дека лавот како симбол се појавил уште пред нашата ера, па се до денес, а идеја им била да направат реалистичен лав во стражарска положба. Дуковски и неговата сопруга лавовите ги изработувале 1,5 година.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.