|
||||
Чешки новинари од 3 до 8 септември во посета на Македонија со цел да се запознаат со туристичките потенцијали |
Група чешки новинари од денеска до 8 септември ќе престојуваат во Македонија и ќе ги посетат Охрид, Струга, Галичица, Маврово и Скопје со цел поблиску да се запознаат со туристичките потенцијали на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.Посетата е организирана од Економскиот промотор на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија за Чешка и Словачка Данчо Видов и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на земјата. - Целта ни е да подготвиме терен и да разбудиме интерес кај чешките туристи за Македонија, за конечно земјата да влезе во туристичката мапа на чешките туроператори, изјави за МИА, економскиот промотор Данчо Видов. Претходно, со туристичките знаменитости и природни богатства на Македонија имаа можност да се запознаат и група чешки туристички работници и претставници на туристички интернет веб портали кои се фокусираат претежно на помладата популација во Чешка. |