|
||||
| Југозападниот бедем на Скопско кале осветлен за 8 Септември |
Целосно реконструираниот, реставриран и конзервиран југозападен бедем на скопската тврдина Кале ќе биде специјално осветлен утревечер, на 8 Септември-Денот на независноста на Македонија.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман изјави дека реконструкцијата на југозападниот бедем се реализирала од крајот на 2008 година досега, и најави осветлување и на киклопскиот бедем. Археолошките ископувања на Скопската тврдина почнаа во 2007 година, како дел од владината програма за инвестиција во неколку капитални археолошки локалитети. Раководител на проектот е археологот Драги Митревски. Пред овие истражувања, на Калето се копало во доцните 60-ти години од минатиот век. Идејното решение за осветлувањето на Скопското кале е на авторот Златко Нонкуловски, а проектот го реализираше „Електра комерц“ од Скопје. Целиот проект чини околу 7 милиони денари. |



Илуминацијата е направена во една боја, а ќе бидат искористени современи светлосни уреди, кои даваат различни нијанси и динамики на светло. Поради енергијата што ќе биде потребна за осветлувањето, на самиот влез на локалитетот се гради посебна трафостаница.
















