Недела, 19 Декември 2010    PDF Печати Е-пошта
Прилеп го прославува Свети Никола

_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyСо посна трпеза во центарот на градот, со песна и многу благослови за Свети Никола да ги чува прилепчани, градот Прилеп го прославува светецот заштитник,  по петти пат организирано.

Света литургија се служеше во црквата Свето Благовештение, а пред параклисот во центарот на градот се палеа свеќи за здравје и благодет. Годинашниов домаќин фирмата Жито Прилеп и бизнисменот Ѓорѓија Атанасоски приготвија посна трпеза.

Прилепчани се задоволни што продолжува традицијата, зашто секоја втора куќа го има Свети Никола за домашна слава.

Благослови за празникот пред параклисот во центарот на градот упатија прилепското свештенство, владиката Петар, градоначалникот Марјан Ристески и годинашниот домаќин бизнисменот Ѓорѓија Атанасоски.

- Христијанството и потребата да им се помага на сите е во срцата на Македонците, во срцата на Прилепчани. Како што тоа го правел светецот, помагајќи им несебично на болните, сиромашните , на онеправданите. Нека е вековита традицијата, благословуваше Атанасоски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески  е убеден дека на градот му тргнало на подобро откако го штити светецот.

Прилепчанки кои пред две години се запишаа во гинисовата книга на рекорди, годинава направија 70-ина илјади посни сарми. На трпезата на булеварот имаше и посно гравче, риби, маслинки, пијалаци.

Нов домаќин за догодина е филијалата на Стопанска банка-Скопје. Директорот на Филијалата Стевчо Димоски вети дека како домаќини в година достојно ќе ја организираат прославата на празникот на градот.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.