Сабота, 08 Јануари 2011    PDF Печати Е-пошта
Дваесет години од конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyПред дваесет години, на 8 јануари 1991 година беше одржана конститутивната седница на првото плурално Собрание на Република Македонија. Првиот македонски повеќепартиски Парламент, чиј претседател беше Стојан Андов, ја постави правната основа на самостојна Македонија, го распиша референдумот за независност, го усвои Уставот, химната, знамето и ги избра првиот претседател на државата Киро Глигоров и првата Влада предводена од Никола Кљусев.

Првата пленарна седница на актуелниот состав на македонскиот Парламент оваа година, в понеделник на 10 јануари ќе биде посветена на одбележувањето на јубилејот 20. години од конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. На седницата се поканети да присуствуваат членовите на првиот парламентарен состав и правата Влада на независна Македонија.

На изборите што се одржаа во ноември 1990 година, мандати во новото повеќепартиско Собрание освоија девет партии и тројца независни пратеници. ВМРО-ДПМНЕ освои 38 мандати, СКМ-ПДП - 31, Партијата за демократски просепритет - 17, Сојузот на реформски сили 18, Социјалистичката партија на Македонија четири, Странката на Југословените два и по еден мандат Народната демократска партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Со седницата, која започна во 10 часот на 8 јануари 1991 година, претседаваше најстариот пратеник Никола Стојановски, претставник на СКМ-ПДП од Титов Велес. Поздравувајќи ги пратениците и гостите и констатирајќи дека на седницата присуствуваат мнозинство од пратениците со што тоа може полноважно да одлучува, Стојановски ја започна првата седница на Парламентот.

konstitutivna_sednica-1

На дневен ред беа Предлог на привремен деловник на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, извештај на Верификационата комисија и верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, избор на претседател на Собранието и негови потпретседатели.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.