|
||||
Во Битола се одржа панихида за македонскиот револуционер Павел Шатев |
Сеќавања за животот и делото на Павел Патев искажа историчарот Тодор Коцевски од Кратово, каде Шатев е роден во 1882 година, а починал на 30 јануари 1951 година во Битола, каде е и погребан. Гемиџијата Павел Шатев бил сведок на солунското револуционерно дело од 1903 година, во 1925 година учествувал во дејствувањето на ВМРО (Обединета), бил и делегат на Првото заседание на АСНОМ и прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија. Шатев имаше докторирано правни науки во Брисел, а по чистките на инфорбирото во 1948 година, бил уапсен и 11 месеци задржан во истражниот затвор во Скопје, а потоа испратен во Битола во домашен притвор. - Животот и делото на Шатев е учебник за младите генерации. Чествувањата за Шатев ги возобновивме и сеќавањето за големиот револуционер нема да престане, посочи градоначалникот Владимир Талески кој во името на општина Битола положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Павел Шатев. Од НУ универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола најавија дека наскоро ќе организираат научен собир посветен на животот и делото на Павел Шатев со гости од државата и странство. |