|
||||
| Премиерот Груевски го поздрави формирањето на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парлам |
|
- Групата „Пријатели на Македонија“ е проект на кој како Влада подолг период работевме, го подготвуваме и преговаравме со луѓето. Тоа се во основа наши пријатели. Задоволен сум, бидејќи на првиот состанок тие повикаа за брзо и неодложно започнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија. Тоа значи дека препознаена е работата на сите институции во државата, препознаен е напредокот и валориризан е трудот што го дадоа сите граѓани на Македонија за земјата да се приближи нанапред, изјави Груевски денеска во Охрид. Премиерот попладнево во Охрид ќе присуствуа на седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, откако присуствуваше во обиколката на охридскиот аеродром каде работите ги презема концесионерот „ТАВ“ и ги пушти во употреба локалниот пат од село Оровник до манастирот „Света Недела“, обиколницата во Охрид, а предаде во употреба и зграда со социјални станови. Во изјава за медиумите во врска со настаните на скопското Кале, премиерот Груевски го повтори ставот дека нема да дозволи случајот да биде искористен од некои политички партии за сопствени, политички или лични интереси и оти треба да се остават надлежните институции да си ја завршат својата работа. - Како политичар и како премиер нема да дозволам некои заинтересирани страни ваквите настани да ги користат за сопствени, политички и лични интереси, или пак да ги креираат во сопствени, лични или политички интереси и да создаваат тензии меѓу луѓето. Ниту пак ќе дозволам некој да стопира или да руши објекти кои што се заштитено културно наследство во Република Македонија. Сметам дека институциите треба да си ја завршат својата работа, секоја согласно сопствените ингеренции, рече Груевски. Тој упати повик и до одредени политичари за, како што вели да не ја користат приликата за собирање гласови, ширејќи верска и етничка омраза, посочувајќи на Имер Селмани. Груевски повика на разум и дијалог за решавање на работите и подвлече дека со коалицискиот партнер имаат комуникација и дека ќе го решат овој проблем, како и многу други досега низ дијалог. |



Премиерот Никола Груевски изрази задоволство од формирањето на групата „Пријатели на Македонија“, формирана во Европскиот парламент, од значајна бројка на европарламентарци, главно од десницата, односно од Европската народна партија, чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ, но и од членови од други политички партии во Европарламентот.
















