|
||||
| Нападната екипа на интернет порталот „Курир“ |
|
При извршување на своите професионални задачи вечерва пред Владата на Република Македонија била нападната екипата на интернет порталот „Курир“. Триесетина таканаречени подржувачи на А1 телевизија, како што објави „Курир“, ја нападнале нивната екипа при што прво им била одземена камерата, а откако биле извадени и искршени мемориските картички, камерата била вратена, но со погрдни зборови било спречено понатамошно извршување на професионалните обврски. За овој инцидент, објави редакцијата на „Курир“, веќе била известена полицијата, Здружението на новинарите, како и колегите од останатите медиуми, вклучително и главниот и одговорен уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, како што е објавено на порталот, за овој немил настан во текот на утрешниот ден ќе излезе со соодветна реакција. |





















