|
||||
| Анкета на Институт „Павел Шатев |
|
На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 23,2 проценти од испитаниците, за СДСМ 13,2, за ДУИ 7,1, за ДПА 3,7, за НД 1,6, за Национална демократска преродба 1,4 и за ЛДП 1,2 проценти. Вкупно 24,4 рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, а 21,1 отсто немале одговор. Запрашани во кој политичар имаат најголема доверба за премиерот Никола Груевски се определиле 24 отсто анкетирани, за Бранко Црвенковски 9,3, за Али Ахмети 6,5, за Мендух Тачи 3,4 и за Имер Селмани и Руфи Османи по 1,8 отсто испитаници. За ниту еден се изјасниле 37,7 проценти, а без одговор се 7,4 проценти. Во однос на тоа која партија би сакале да победи на следните парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 25,5 проценти од анкетираните. Следат СДСМ со 14,3, ДУИ со 6,3, ДПА со 3,5, НД со 1,6 и НДП со 1,4 отсто. Немале одговор 23,4 отсто испитаници, а “ниту една“ рекле 16,6 отсто. Резултатите од анкетата, која има за цел да се измери поддршката на граѓаните на политичките партии во Република Македонија, но и на политичарите, според Инстутутот, не покажуваат поголеми промени во рејтинзите на партиите како и кај поддршката на релевантните политички лидери во Македонија. |



Највисок рејтинг во моментов има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а од политичарите, граѓаните најголема поддршка му даваат на премиерот и лидер на таа партија Никола Груевски, посочуваат резултатите од телефонската анкета што во почетокот на април на 2.000 испитаници ја спроведе Институтот „Павел Шатев“.
















