|
||||
| Анкета на „Павел Шатев“ |
|
- Највисок рејтинг има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по што следуваат СДСМ, ДУИ, ДПА и Нова Демократија. Од политичарите, граѓаните најголема поддршка му даваат на премиерот Никола Груевски, а потоа следат Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи, се вели во соопштението од Институтот „Павел Шатев“. Телефонската анкета е спроведена во периодот меѓу 11 и 14 април, на 1.000 испитаници на ниво на целата територија на Република Македонија. Според резултатите од истражувањето во идниот пратенички состав, владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе имаат доминантно мнозинство во идниот парламент со вкупно 70 пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ би освоило 55 пратеника, СДСМ 31, ДУИ 15, ДПА 7, НД 4, НДП 3, ЛДП 2, ОМ 1, ВМРО-народна 1 и други 1 пратенички мандат. Партиите за кои традиционално гласаат етничките Албанци, според анкетата ќе добијат вкупно 29 места во новиот парламент, додека помалите партии би добиле 5 пратенички места. Иако кај партиите со мал рејтинг, статистичкото отстапување може да биде поголемо со оглед дека нивната поддршка е во рамките на маргинална грешка која е 3 отсто за ваков тип истражувања, според анализите на Институтот „Павел Шатев“ и досегашното искуство вкупниот број на мандати на помалите политички субјекти ќе се движи помеѓу 5 и 8 пратенички места. |



ВМРО-ДПМНЕ е лидер и според перцепцијата на граѓаните нивниот посакуван победник на вонредните парламентарни избори, покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена за рејтингот на политичките партии.
















