Среда, 20 Април 2011    PDF Печати Е-пошта
Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по историја

Ноември 1947 г.

nrbИзработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во посебни услови. Поради тоа се допуштени сфаќања карактеристични за великобугарскиот шовинизам. Во други случаеви извесни прашања не се доволно целосно разјаснети. Таа околност дава можност таквите места да скриваат опасност од двосмислено, многупати, шовинистичко толкување. За да се исправат допуштените грешки и да се избегне секоја можност за толкување или заклучоци во духот на великобугарскиот шовинизам, учителите по историја треба во нивната работа во своите оделенија да ги извршат следниве исправки:

I. Во учебникот по историја за III клас

Стр. 40 и 41 - Самуиловата словенска држава не треба да се преставува како Западнобугарско царство. Таа се појавува врз земји кои навистина влегувале во деловите на Бугарија, но по својот етнички облик биле чисто словенски. Да се објасни дека Самуиловата држава е типична феудална формација, во која нема и неможе да има каква било национална свест. Самуиоловата држава е пред се држава на македонските Словени.

II. Во учебникот по историја за VII клас

1. стр. 34 - Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија на чело со кнезот Пребонд, треба да се истакне како прв обид на македонските Словени за создавање на своја државна организација.

2. Стр. 65 - Климент и Наум да се истакнат како јужнословенски просветители и писатели.

3. Стр. 209 и 219 - Браќата МИладиновци, како и другите македонски учители и писатели, не треба да бидат третирани како преставници на бугарската просвета.                Во времето на Преродбата, заедничките интереси на Бугарите и Македонците ја обусловуваат и нивната заедничка борба, насочена кон заедничкиот непријател - фанариотите. Затоа едни исти книги и весници служат како идеен израз на борбата што ја водат браќата Бугари и Македонци.

4. Стр. 296 - 297 - Текстот даден под наслов Национално движење во Бугарија треба да се појасни во смисла дека македонското движење за ослободување на Македонија, не било оформено и организирано движење, туку појава на симапатии од страна на прогресивните средини во Бугарија спрема поробените Македонци...

АМ. - Фонд. Министерство за просвета на НРМ, 1947 г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.