|
||||
Велигденска честитка |
Велигденска честитка од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска по повод Велигденските празници испрати честитка до поглаварот на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Г.г. Стефан и до сите христијански веници. - „Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – ВЕЛИГДЕН, кој со својата неповторливост повеќе од две илјади години е темел на христијанството во светот, дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите христијани, од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во секој дом и во сечие срце. Возвишен е овој ден зашто е празник во кој торжествува животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. За да го доживееме и ние воскресението Христово, потребно ни е да се утврдуваме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела. Само доколку нашиот живот го красат такви добродетели тогаш сме ја разбрале смислата на нашето постоење. |