|
||||
Велигденски празнувања низ Македонија и во дијаспората |
Православните и католичките верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. По повод Велигден денеска во сите христијански храмови во земјава и во дијаспортата се одржаа воскресенски литургии. Неколку стотина граѓани од Македонија, но и од Грција и Албанија синоќа во Струга го дочекаа Христовото воскресение Велигден. Главната богослужба се одржа во црквата Свети Ѓорѓија каде христовото раѓање беше објавено и на неколку други јазици. Потоа се одржа утринската литургија каде голем број на граѓани по долгиот пост останаа да се причестат. Велигден, се одбележува и во дебарскиот крај. Боженствена литургија, со која чиноначалствуваше намесникот на дебарската парохија, Благоја Спировски, беше одржана во црквата „Света Богордица“ на која присуствуваа и поголем број поранешни жители и нивни потомци, кои сега живат во Скопје и други градови низ Македонија. И македонската заедница во Австралија го чествува Велигден. - Богатата македонска култура, традиција и обичаи се пренесуваат од колено на колено без разлика каде се наоѓаат Македонците распрснати низ светот. Каде и да сме, иселени во туѓи земји, далеку од своите огништа, празнувањата на нашите религиозни и национални празници, заземаат посебно место. Не постои ништо што би ја намалило нивната значајност и потребата од достоинствено одбележување . Тоа е и еден начин на афирмирање на нашата вера, нашата богата култура, традиција и обичаи, велат од македонската заедница во Австралија. Македонските православни цркви се масовно посетени, а тоа предизвикува голем интерес во австралиската јавност и особено кај другите етнички заедници. |