Понеделник, 21 Септември 2009    PDF Печати Е-пошта
Македонска Православна Црковна Општина -Св. Климент Охридски- Берлин
crkva-vo-berlinДенес во организација на Македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“ во Берлин, на „Осдорфер штрасе“ 16, во местото Лихтерфелде, со благослов на митрополитот на Европската Епархија, г. Пимен, беа поставени темелите на црковенот објект - Крштилница, што ќе биде составен дел на Македонската правослвна црква во Берлин.
Како што соопшти Амбасада на Република Македонија во Берлин, со чинот на осветувањето на земјиштето за изградба на црква купено пред две години и со поставувањето на темелите на придружниот објект, Македонците во Берлин го остваруваат својот долгогодишен сон да имаат свој сопствен црковен објект, како место каде што ќе го негуваат својот македонски идентитет, култура и верски обичаи.
На свеченоста на која присуствуваа околу 1.000 Македонци од Берлин и од другите црковни општини од Германија и од Европа, како и многубројни Германци, пријатели на Македонија, се обрати амбасадорот Ѓорѓи Филипов.
Тој истакна дека Македонија во последните 10 дена со три крупни настани беше присутна во германската јавност. На 10 септември  годинава во Охрид на поранешниот германски претседател д-р Роман Херцог му беше доделено највиското  државно признание орденот „8-ми септември“ за неговиот придонес како член на Бадинтеровата комисија, давајќи позитивно мислење за меѓународното признавање на Република Македонија, а пред една недела, на покана на сојузниот германски претседател д-р Хорст Келер, во неколкудневна посета на Берлин престојуваше македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

- Чинот на осветувањето на местото за изградба на Македонска црква и поставувањето камент-темелник на придужниот објект Крштилница, е исто така голем настан. Со ова почнаа да се реализираат долгогодишните заложби  на Македонците во Берлин, со заеднички сили и со разбирање да изградат сопствена црква, истакна Филипов кој им оддаде признание на митрополитот на Европската епархија, Пимен, на претседателот на МПЦО „Св.Климент Охридски“, Стојмир Костадиновски, на сите сегашни и поранешни членови на управните одбори, како и на сите Македонци кои живеат и работат во Берлин, кои со своите финансиски прилози, но и со многу верба и труд придонесоа за почнувањето на градежните работи за Македонска црква.

Да се навратиме малку во историјата, за да видиме дека оваа убава вест денеска  за сите Македонци од Германија, поточно од Берлин  , всушност е продолжение на една поранешна иницијатива, која гледаме како успешно се развива.

Во 1991 година, Македонците во Берлин меѓу првите во Германија основаа црковна општина, а зa патрон беше избран  Св. Климент Охридски, наш светител учител, просветител. Св. Климент Охридски, наш светител учител, просветител. Истата година беше  избран и Црковен одбор на чело со  г. M. Јаковлески.
-berlinmpco

На 12 Мај 1991 година, тогашниот Mитрополит Брегалнички, а сега Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, ја посети црковната општина во Хамбург. Македонците од Берлин го поканија да ги посети во Берлин и да ги поучи во словото на вистината. Митрополитот Стефан, како некогаш, светиот Апостол Павле во Троада, кој имал видение во кое видел пред него човек-Македонец, кој дошол да го покани Апостолот да ја посети Македонија и Македонците, ја прифати поканата и го посети Берлин.

На 17 Мај 1991 година во просториите на Македонскиот Клуб „Гоце Делчев“ се одржа основачко собрание и се одбра црковен одбор од 16 членови. Оттогаш, oдборот работи активно и веќе наредната година во ноември, Митрополитите Тимотеј и Стефан дојдоа во Берлин и го осветија Иконостасот, во преполнета црква од верници Македонци. Од тогашната глетка на присутните во црквата, може да се заклучи дека навистина не има доста, дури и повеќе од 4000 Македонци.

Од 1991 година до денес, богослужбите ги извршуваме во црква во Berlin - Wedding.

Во Јуни 2007 година сегашниот одбор на чело г. С. Костадиноски купи место за изградба на наша Македонска Православна Црква. Задачата на сегашниов одбор, како и на другите во иднина е да најди средства да го финанцира овој проект заедно со нашите браќа и сестри и да ги обедини сите Македонци на едно место. Денес во Берлин функционираат Црковната Општина „Св. Климент Охридски“ Берлин и фудбалскиот клуб „ФК Македонија 1970“. Ако имаме црква со помошни простории, тогаш сите активности би се одвивале на едно место.
Храмот Божји не е само место за Молитва, туку наше македонско катче за сите наши средби, разговори, свечености, празнувања…
Македонска нација
 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.