Петок, 23 Октомври 2009    PDF Печати Е-пошта
Среќен 23-ти Октомври браќа и сестри Македонци!!!
iskrata-rodi-sonce-600

СРЕЌЕН 23ти ОКТОМВРИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ !!!!

ВЕЧНОСТ И СЛАВА ЗА АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА !!!

Што славиме на 23 - Октомври?

Ја славиме идејата за автономна Македонија !!!

Ако е ова партиски или политички исцениран ден, ако македонските патриоти и национални ставови се против Македонецот, ако ја избришеме сопствената историја и национален идентитет, во која Македонија ќе веруваме? Или подобро речено во чија Македонија да се колнеме?

**********

23 октомври и ВМРО се преродба во македонското ослободително движење, 23 октомври и ВМРО се завет на македонските револуционери, предвесник, темел на еден период наплатен со животите на многу македонски синови – жртви за слободна и независна Македонија. Темел на Илинденската Република, симбол на непокорноста на македонскиот народ, визија за македонската автономија.

Токму 23 октомври беше денот кога почна се', денот кога првпат во македонската историја се создаде организација што го поведе народот во организирана борба за идејата за македонска држава.

Тој датум беше денот кога се поставија темелите на идната македонска државност, почеток на каузата за самостојна и независна Македонија.

Знаете ли за подостоен празник за Македонците кој би го славеле?

Овој ден се слави љубовта кон Македонија, која е поголема од љубовта кон соспствениот живот, кога се станува саможртва, со верба во Господ, ден оставен како аманет на нашиот пат, ден во кој се испишува вечната страница на Македонизмот.

**********

Иван Хаџи Николов (1861, Кукуш - 1934, Софија), книжар од Солун, на 30 август 1893 година се вратил во Софија од Швајцарија. My било кажано дека е одредено да биде учител во Серес. Тој го одбил тоа, и заминал за Солун каде на 11 септември ја отворил книжарницата.

Една година пред тоа, во јули 1892-та имал средба со Гоце Делчев, на која било договорено создавање на организација внатре во Македонија која ќе се бори за нејзина автономија. Тогаш, Гоце, кој имал само 20 години, му рекол на Хаџи Николов:
„Слушај Николов, помина многу време, нека помине уште една година. За талку јас го завршувам военото училиште и немам намера да останам како офицер во бугарската армија. Ќе се вратам во Македонија. Тогаш ќе дојдам во Солун, ќе зборуваме за тоа прашање, и ако има услови ќе ја основаме Организацијата.“

Една година подоцна, Хаџи Николов бил во Солун, но од Гоце немало абер. Поминал септември, а Гоце уште го нема.
На 21 октомври 1893 година, рашетувајќи се крај морето, ме сретнаа Андон Димитров и Дамјан Груев. Me запреа и меѓу нас го започна следниот разговор:
- А, бе Хаџи, што мислиш ти за ослободувањето на Македонија? - ме запраша Димитров.
- За тоа прашање размислувам уште пред 15 години.

Додека во Македонија не дојде до втор Батак (востание во Бугарија од април 1876 г. против Турците, н.з.) Македонија нема да се ослободи.

А, да дојде до востание, треба да се основа револуционерна организација.
- Па, ајде тогаш ние тројцата да основаме таква организација.
- Ние сме малку. Треба да влезат и поавторитетни луѓе.
- Па, на кои сметаш?
- На пример, Д. Кондов, К. Самарџиев и други...
- Витосај ги ти нив - ми одврати Даме Груев.
- Тие не се за такви работи.
Тие знаат да се плеткаат само во такви работи, каде се касата на Егзархијата и други дотации.
- Кои други ги имаш предвид? - рече Димитров.

- Имам предвид, ама не знам дали ќе се согласат да влезат во Организацијата.
На пример, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, и Христо Батанџиев.
- Па, убаво, тие тројцата и ние тројцата веќе стануваме шестмина, да размениме мислења заедно.
- Добро, одговорив јас и определив место и време за заедничка средба на нас шестмината.

Во договореното време на 23 октомври 1893 година, во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Батанџиев, раскажувал Хаџи Николов.

**********

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). - Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

На овој ден било разгледувано прашањето околу дејствувањето и работењето и идејната поставеност на новата македонска организација. Било одлучено организацијата да дејствува револуционерно и сите активности да ги спроведува строго конспиративно.

Дејствувањето да се извршува исклучиво на територијата на Македонија во нејзините природни етнички и историски граници и во неа да членуваат лица родени или исклучиво кои живеат во Македонија, без да се гледа верската и националната припадност. Дискусиите се одвивале во правец на автономија на Македонија со цел да се искористи чл. 23 од Берлинскиот договор.

ВМРО била формирана, една година подоцна се приклучил и Гоце Делчев, по што идејата за автономија добива поголема сила, потоа следеле Ѓорче Петров, Христо Матов и другите, по што Организацијата успеала да изгради еден импресивен паралелен систем, безмалку државен, кој функционирал до 1903 година и врвот во нејзиното дејствување, Илинден.

Знаеме ли за друга историја, знаеме ли за друга Македонија? може ли некој да ни го земе националниот идентитет на сите заложби и жртви? Има ли таков и кој е тој?

Да прославиме браќа и сестри македонци, наследници на Македон, наследници на Филип таткото на Александар Македонски, ние сме библиски народ, ние сме божји чеда, ние сме пород на паталци и патриоти, ние сме потомци на револуционери, а Македонија е ветена земја, зeмја на патриоти во свое време, време на интегритет, економска моќ, независност и автономија, време за европска Mакедонија, со сопствена историја и самобитие...

Да ни е честит празникот !

„Македонска нација“
 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски му ја честита победата на Трамп

Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.