Понеделник, 26 Октомври 2009    PDF Печати Е-пошта
Името на МПЦ, всушност е охридска архиепископија и нема што да се менува

Историјата не се пишува денес, порача
поглаварот на МПЦ г.г. Стефан


Името на МПЦ, всушност е охридска архиепископија и нема што да се менува

ohridska-arhiepiskopija,,Познато е дека македонското црковно прашање конечно ќе се разреши со надминување на спорот помеѓу Македонија и Грција и во тоа повеќе од сигурно веруваме.‘‘ – Меѓу другото изјави поглаварот на МПЦ, Архиепископот охридско- македонски за медиумите.


,, Името на МПЦ, всушност е Охридска Архиепископија и затоа нема потреба од промена во Уставот на престојниот црковно народен собор што ќе се одржи кон срдината на идниот месец ‘‘–изјави денеска архиепископот охридски и македонски и поглавар на МПЦ Г. Г. Стефан кој појаснува дека ова потекнува од медиумите,-,, бидејќи во преамбулата на Уставот пишува дека МПЦ е возобновена врз традицијата на древната охридска архиепископија‘‘.

,, Името на МПЦ всушност е охридска архиепископија. Кој имал можност да слушне и да го прелиста Уставот на МПЦ ќе види дека во преамбулата и во неколку членови се вели дека МПЦ е возобновена охридска архиепископија. Ништо не се додава и наддава во името на МПЦ, зошто од самиот почеток титулата на поглаварот на МПЦ е архиепископ охридски и македонски‘‘- вели архиепископот охридско– македонски Г. Г. Стефан.

Архиепископот охридски и македонски – Г.Г. Стефан појасни дека црковно народниот собор идниот месец, нема да донесе промени на уставот и името на МПЦ по однос на името- ,,Нејзиното име, -вели тој- е всушност Охридска Архиепископија‘‘.

“Она што во меѓувреме, во последно време во медиумите беше проширено дека синодот на МПЦ, односно соборот што треба да се одржи во средината на ноември ќе донесе промени на уставот сосема не е точно затоа што таа одлука е многу одамна донесена“ рече г.г. Стефан. 

,,Историјата не се пишува денес‘‘- беа зборовите упатени до македонската јавност.
Поглаварот на МПЦ кажа дека на ноемврскиот собор уставот ќе претрпи некои измени, но тоа никако не значи, како што деновиве се спомнува- централизација на црквата, нити одземање на надлежностите на помесните епархии.

“Уставот на МПЦ ќе треба и мора да биде усогласен и со најновиот закон за цркви и верски заедници во Република Македонија. МПЦ конечно станува правно лице во Република Македонија, епархиите, институциите стануваат организациони единици и тука ништо не се менува“ вели Г.Г. Стефан
Архиепископот зборуваше за надминување на заладените односи со СПЦ, и се воздржа од коментирање на денешните натписи во бугарските медиуми, според кои тамошната православна црква и  Институтот за Историја на Бугарската академија на науките реагираат со став дека МПЦ го узурпирала името Охридска Архиепископија. Овие изјави поглаварот Стефан не сакаше да ги коментира под образложение дека станува збор за работа која е позната и општоприфатена не само во Република Македонија туку и во целиот праволсавен свет, помеѓу сите помесни православни цркви.

Г.г. Стефан  смета дека иако статусот и името на МПЦ  воопшто не е во контекст на меѓудржавните разговори на преставниците на Македонија и Грција, сепак е убеден дека, црковно македонското прашање конечно ќе се разреши со надминување на спорот за името помеѓу двете земји.

„Тоа воопшто не е во контекст на меѓудржавните разговори на претставниците на Република Македонија и Република Грција околу надминувањето на спорот, затоа што терминот Охридска Архиепископија повеќе години наназад е актуелен и овој пат само ќе се изврши промена во членовите на уставот за она што е уште пред неколку години донесено за да биде така“, беше кажано од архиепископот г.г Стефан, кој денес од Охрид, во црквата Света Софија, со повеќе владици од синодот го одржаа четвртиот семакедонски црковен собор.

,, Познато е дека црковното македонско прашање конечно ќе се разреши со надминување на спорот помеѓу Македонија и Грција и во тоа повеќе од сигурно веруваме.Ставањето крај на неколку годишниот проблем со името само ќе ја зајакне положбата на црквата, вели Стефан. Црковно народниот собор кој на 12 ноември ќе се одржи во Скопје нема да донесе ништо ново кога е во прашање името на црквата‘‘- рече поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан.

„Македонска нација“
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.