|
||||
Кога ќе се сфатиш дека си останал сам без пород станува тешко |
Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски Факти што не смеат да се игнорираат изјави премиерот Христијан Мицкоски: -Во 2024 година, се родија 16.061 дете, а починаа 20.201 лице. Тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година; -Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители- како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево; -Стапката на наталитет падна од 12,5 проценти во 2010 година на само 8,8 отсто во 2024; -Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение; -Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат. „Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири“, додаде премиерот Мицкоски. Додаде дека во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица и напомена дека тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година. Во последните четири години, изгубивме повеќе од 33.000 жители, како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5 процентни промили во 2010 година на само 8,8 во 2024 – истакна премиерот. Македонскиот народ и кога бил под ропство, под окупација, под постојан терор и сиромаштија, се грижел да остави големо потомство. Нашите прадедовци и прабаби и во најцрните времиња на македонскиот народ имале по четири, пет и повеќе деца. Денес во слобода од година во година бројот на новородени станува се помал. Бројките се неумоливи и покажуваат дека се менува структурата на населението во Македонија. Тие алармираат дека доколку се продолжи со ова темпо за неколку децении македонскиот народ ќе биде под половина од вкупното население во земјата. Демографската бомба отчукува. Се потешко младите се одлучуваат да влезат во брачните води. Изговорите се разни: тешко време, нема работа, прво диплома, потоа добро платена работа, да се има кола и стан, да се прошета светот. Многу барања, а малку работа. Младите како да не сакаат да ги засукаат ракавите и да имаат одговорности. Многу полесно е да се седи со во кафулиња и да се кибицираат девојчиња, без да се превземат било какви обврски. Но, животот е неумолив. Додека се завртиш околу себе, тој поминал покрај тебе. Кога ќе се сфати дека си останал сам без пород станува тешко. Касно е тогаш да се враќа филмот и да се каже: ех кога би бил млад со овој памет би знаел што да направам. Нема потреба заради тешки времиња да се бега од свадби и деца. Зошто тие се мотивот кој ве тера напред, во нови остварувања, нови победи. Тие го исполнуваат живот со љубов и среќа, но и поддршка за да се надминат и најтешките моменти. Колку е семејството поголемо толку сте посилни, помоќни да се справите со секакви пречки. За тоа ќе раскажуваат вашите деца, они кои ќе ја продолжат лозата да не згасне името на семејството, името на народот. Децата ќе раскажуваат за традициите, обичаите на нивните родители, баби и дедовци, за традициите на нивниот народ. Од друга страна, осамените без семјство, без да има кој да ја продолжи лозата, нема на кого да се обратат, да се потпрат, и постојано се изложени на разни ризици. Заради нивната себичност, за нив ќе нема кој да се грижи, да ги спомне, едноставно ќе бидат заборавени, а на нивно место ќе дојдат други со туѓи обичаи, традиција и култура, кои еден ден и гробот ќе му го разурнат за да нема ниту глас, ниту траг од името. Зарем тоа го заслужува Македонија? Дајте да ја искорениме „Белата чума“. Дајте да создадеме многудетни семејства, зошто децата се наше богатство. Дајте да ја исполниме оваа рајска земја со љубов и радост, со детски џагор и смеа. Децата не се товар, туку богатство на едно семејство. Тие се наша иднина, наша надеж, наша поддршка, но и идни чувари на Македонија. Македонците не смеат да исчезнат, не смеат да ја остават Македонија без нејзините деца, без нејзините заштитници. Како и секоја генерација, така и днешните млади Македонци имаат своја мисија. Време е тие од зборови да преминат на дело и да ја извојуваат својата борба со намалениот наталитет. Време е да ја исполнат својата мисија кон своите родители и претци, кон Македонија, земјата која ја напојуваат библиските реки. Само така нема да исчезне македонскиот народ. |