Дијаспора

На гробот на Св. Кирил Солунски во Рим

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Македонската држава и црква му од­да­ваат дол­ж­­на почит на великиот просветител свети Ки­рил Солунски секоја година, токму во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат неговите мошти. Во текот на прославите  „Македонија во чест на свети Ки­­рил“  се одржуваат бројни средби, културни и други манифестации

Македонија му оддава катагодишна должна почит на свети Кирил Солунски. Во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат моштите на свети Кирил, тие мајски деновимакедонската др­жав­на и црковна делегација одржа чествување, со што истовремено и официјално започна тра­дицио­нал­­ната манифестација „Македонија во чест на свети Ки­­рил“. Црквата беше исполнета. Влеговме во просторот во кој се наоѓа гробот на свети Кирил. Го­ле­мо беше задоволството што ни се укажа таа ретка можност да му изразиме благодарност на свети Ки­рил што јазикот на старите Македонци го издигна до сте­пен на книжевен, прифатен од целото сло­­вен­с­тво. А македонската држава и црква му од­да­ваат дол­ж­­на почит на великиот просветител свети Ки­рил Солунски секоја година, токму во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат неговите мошти.

Кај нашиот народ отсекогаш било длабоко и ис­крено почитувањето кон свети Кирил Солунски и неговиот брат свети Методиј. Нашите предци им се обраќале молитвено за за­кри­ла и духовно, речиси, секојдневно, а не само кога бил денот на нивниот празник. Ги спо­ме­ну­вале за да се потсетат какви светители стојат во нив­ното црковно и национално битие и богатство. Им се молеле за духовна поткрепа и светлина тогаш кога нивните не­пријатели биле жестоки и кога соп­стве­ните сили им биле при крајот, тогаш кога темнината би­ла ужас­на, а надежта на умирање. И тогаш кога ропството и гневот биле неподносливи светите бра­ќа и нивните ученици им болскотеле во мракот и ја пот­­крепувале нивната вера во посветла и поубава ид­нина.

По толку векови кога се обновени древните црковно- на­родни обичаи и традиции, кога е обновена Ох­рид­ската архиепископија во лицето на Маке­дон­ската пра­вославна црква, кога на најсвечен начин се про­сла­вуваат јубилеите на нашите црковни и народни великани, одлуката за поклонички пату­ва­ња во пе­риодот од над четириесет години, пред гро­бот на се­словенскиот апостол, е одлука на чувството на бла­годарност и пиетет кон свети Кирил, зошто тој ги посеал првите `ркулци на македонската и сло­вен­­ската писменост, кои станале движечка и жи­вот­­на сила за сите словенски народи. Светите браќа ги развиле своите духовни дарби и создале дело од непроценлива културно-уметничка вредност, што претставува голем придонес во духовната и кул­тур­ната ризница, не само за македонските и другите славјански народи, туку и за човештвото во целина.

sredba-so-papata-jovan-pavle-vtori-vo-vatikan

Делегацијата од Република Македонија ја сочинуваа архиепископот г.г. Михаил, поглавар на Маке­дон­ската пра­вославна црква, митрополитот Кирил, надлежен архијереј на Полошко–кумановската епархија,  бискупот на Католичката црква д-р Јоаким Хербут, ѓаконот Александар Цандовски и авторот на овие редови, како  потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија. Пред голем број присутни верници и бројни посетители во посланието архиепископот г.г. Михаил, меѓу другото, рече: „Словенските апостоли и учители светите браќа Кирил и Методиј кои беа основоположници на сесловенското христијанство се служеле со јазикот на македонските Словени, со македонскиот древен јазик, кој е прв книжевен словенски јазик. Така, сесловенскиот рамноапостол свети Кирил Солунски е автор и творец на сесловенската азбука и темелоположител на нашата писменост. Тие од Бога вдахновени луѓе се раководеле многу повеќе со идеите и идеалите на Светото евангелие и на Светата црква, отколку што го прават денес оние што се сметаат за продолжувачи и закрилници на Светата ортодоксија. Делото на свети Кирил го продолжија неговите ученици светите Климент и Наум Охридски, на чии изворишта низ вековите опстојуваат македонскиот народ и Црквата. Благодарение на тоа ние денеска имаме самостојна држава и автокефална црква“.

Во текот на прославата „Македонија во чест на свети Ки­­рил“ бевме примени во посебна аудиенција кај поглаварот на Католичката црква папата Јован Павле II. При средбата на верските поглавари, по упатувањето на своето апостолско писмо во кое иницира помирување меѓу католичкиот Запад и православниот Исток, посебно се интересираше за состојбите во Македонија. Особено кога се работи за духовната и културната ситуација во Македонија и за дејноста на Македонската православна црква во развивањето на христијанските вредности и евангелските начела.

sv-kiril-solunski

Притоа, беше нагласено задоволството од соработката и односите меѓу Македонската православна црква и Римокатоличката црква, бидејќи нивните претставници делат екуменски размислувања за христијанството. Папата Јован Павле II беше особено расположен и покажа интерес за нашата Црква, за нашето минато, за Охридската архиепископија, за христијанизирањето на Македонците и другите народи.

Црковната делегација го посети Радио Ватикан каде се разговараше за можностите за отворање на радио час на македонски јазик, потоа го посети Хрватскиот завод „Свети Јероним“, Институтот „Русикум“ и бројни други значајни институции и културно-историски споменици на вечниот Рим.

Историската вистина за прославата „Македонија во чест на свети Ки­­рил“ започнала уште во 1970 година. Таа година со златни букви ќе остане забележана во историјата на Светикириловиот гроб во Рим, на Македонската православна црква, на македонскиот христијански народ и на Македонија. Имено, во таа година, по повод празникот на словенскиот апостол, по вторпат беше одржана поклоничка свеченост, на која присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј, кој ја откри спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски јазик е испишан следниот текст:

„На свети Кирил Солунски,
Сесловенски просветител со
Благодарност од македонскиот народ“

Инаку, првото чествување од смртта на свети Кирил Солунски се одржа на 14 февруари 1969 го­дина во Рим во базиликата „Свети Петар“, со концелебрација (сослужение) во слово на просветителското дело.

sv-kiril-solunski-knigi

Чинот се одржал во таа им­позантна катедрала посветена на првиот Христов апо­стол, кој, исто така, како и свети Кирил Солунски, до­шол од Исток во илјадалетниот град, или градот на ­вечноста – Рим, за да го проповеда христијанското уче­ње.      

Свети Кирил Солунски дошол да го брани тоа учење, да докаже дека може да се проповеда на јазикот на Словените, а не само на ла­тин­ски, еврејски и елински јазик, како што дотогаш се верувало. Дошол кај поглаварот на западните христијани пред единаесет векови и бил разбран, и оттогаш хри­стијанската вера се проповеда и на словенски старомакедонски јазик.

Ова чествување на гробот на свети Кирил во Рим беше едно од повеќето, а овој пат празнувањето беше збогатено со голем број државнички, културни, духовни и други средби и манифестации. Меѓу нив, секако, силен впечаток остави отворањето на македонската изложба  која предизвика големо внимание кај италијанската јавност и најде свое место во италијанските медиуми.

Исто така, во текот на оваа значајна манифестација, покрај одржувањето на  бројни средби на државно ниво, приеми кај папата на Римокатоличката црква, секоја година во многу градови ширум Италија се одржуваат концерти, изложби, театарски претстави и други културни манифестации. Сето тоа ги потврдува високите дострели, потврди и релации од културата, религијата и општествено-политичкото живеење меѓу Италија и Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top