Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (35 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со религијата

Античките Македонци си имале и своја религија. Тие веру­вале во божествата со индо-европско потекло, како што се: Зевс, Посејдон, Аполон и други, кои, од нивна страна биле славени на специфичен начин, различен од начинот на славење кај соседните народи. Секако дека постоеле и оригинални македонски богови. За жал, под влијание на грчката пропаганда, во добар дел од светската историографија, дури и некои од чистите македонски богови се третирани како “грчки”.

 Од оригиналните македонски богови, најнапред ќе го издвоиме богот Дионис. Дионис, иако во оригинал е бригиско божество, прво се славел кај Македонците, а дури потоа кај Грците.

Во познатата ЦД Гролиер енциклопедија (наслов “Greek Mitologs”), во врска со славењето на Дионис од страна на Македонците, пишува дека Дионис на Балканот најнапред бил славен од Македонците. Притоа читаме:

 “Дионис не е индо-европско божество. Тој најверојатно има бригиско потекло, чиј култ најпрво поминал во Македонија, а потоа во Тесалија и Беотија…”

Познато е дека во етногенезата на античките Македонци, Бригите имале значителна улога, па секако дека оттаму е и присутноста на овој бог меѓу Македонците.

Оригинални античко-македонски божици се и познатите Музи! За прв пат нивниот култ бил посведочен во македонската област Пиерија, а оттаму тие биле прифатени од Грците. Во споменатата ЦД Гролиер енциклопедија во насловот “Мусес”, читаме:

“Музите … понекогаш биле нарекувани како Пиериди, според нивниот пр­вобитен дом Пиерија во Македонија,од каде честопати го посетувале изворот на Аганипа”.

Во религиозниот корпус на античките Македонци припаѓале и боговите Кавири.

Херодот смета дека култот на Кавирите бил донесен од Пелазгите, кои во тоа време живееле и во Македонија и кои (според Херодот) зборувале на неразбирлив јазик за Грците.

Друг значаен култ за Македонците култот на легендарниот митски пејач Орфеј, кој  бил роден во  Македонија! (Т. Спиридонов: “Тракискијат етнос”, Софија, 1991).

Впрочем, минималното познавање на митологијата покажува дека Орфеј бил син на музата Калиопа, чие македонско потекло веќе го спомнавме. Орфеј, не само што бил роден во Македонија, туку тој бил и погребан во нашата земја. Неговиот гроб се наоѓал во подножјето на Олимп во јужна Македонија и на неговиот надгробен споменик биле испишани стихови од еден македонски поет.

 Како античко-македонски бог треба да го споменеме и богот на лекувањето Дарон.

Друго античко-македонско божество, кое го немало кај Грците, била божицата Ма. Во Македонија се посведочени повеќе примери на наоди со претстави  на оваа божица, додека вакви наоди во Грција – нема! Инаку, за божицата Ма се смета дека е од старо македонско-бригиско потекло, и истата  кај  Македонците, си имала свои македонски специфичности, кои ги нема кај другите народи (иако кај секој народ постоело божество со слична улога на Пра-Мајка).

 П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top