Дијаспора

Во куќата на Мајка Богородица

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Во непосредна близина на Ефес, на западната страна на планината Билбил, се наоѓа куќата на света Богородица. Во денешниот град се вишнее и црквата на свети Јован, еден од составувачите на Библијата. Општината Борнова  брои околу 500 илјади жители, меѓу кои, според некои показатели 30 отсто се турски граѓани од Македонија, претежно исламизирани Македонци

Во почетокот на првиот милениум, христијанството започнало да се шири многу брзо во градот Ефес. Меѓутоа, Римјаните биле против доктрините на Апопстол Павле кој прв дошол во Македонија. Тоа го потврдувале граѓаните на Ефес, кои под закани протестирале против ширењето на христијанството, притоа, собирајќи се во најголемиот театар на градот за да го изразат својот бес против „новата“ религија. Меѓутоа, како што многумина велат, Ефес бил одбрано Господово место, каде света Богородица заедно со свети Јован ги поминале последните денови од животот. Имено, во непосредна близина на Ефес, на западната страна на планината Билбил, се наоѓа куќата на света Богородица. Во денешниот град се вишнее црквата на свети Јован, еден од составувачите на Библијата.Во исто време Ефес бил место на една од седумте цркви во Азија, во кои свети Јован ја добил својата инспирација кон религијата.

Во историјата на Ефес е забележано дека во 262 година од нашата ера Готите го уништиле градот, заедно со Храмот на Артемис. Оттогаш градот никогаш не се обновил каков што бил во минатото кога имал величествен растеж и напредок. Притоа, значајно за Ефес е тоа што во 431 година по Христа бил одржан Третиот екуменски совет, токму во куќата на света Богородица. Овој Совет, меѓу другото, ја прифатил света Богородица како мајка на Господ Исус Христос.

При нашата посета на Ефес се сретнавме со безброј објекти и предмети од еден долг период на постоење на оваа значајна античка локација. Така, ги посетивме остатоците од Храмот на Артемис, Фонтаната на Трајан, Мермерниот пат, Стадионот и други објекти. Меѓутоа, Големиот театар кај посетителот остава посебен впечаток и доживување. Тој е место во длабнатината на ридот од западната страна и, по својата големина, пространост и величественост човек има чувство и се пренесува во мислите како да се наоѓа многу векови подоцна од сегашноста.

kukjata-na-majka-bogorodica-vo-efes
Куќата на Мајка Богородица во Ефес

Таму бевме информирани дека во последните години, пред десетици илјади посетители во Театарот своите уметнички вредности ги презентирале Лучијано Павароти, Хулио Иглесиас и многу други познати светски уметници.

Посетата на куќата на света Богородица, пак, кај нас предизвика посебно чувство на возбуда кое се преточи во спокојство. Во тој прекрасен објект, човек како да е некаде во Македонија, во некои од манастирите на Македонската православна црква. Живописниот предел каде што е изградена куќата на света Богородица посетителот го потсетува на пределите кои се земени за пример при изградбата на христијанските манастири во светот. А, таму, според обичаите, по поклонувањето во Црквата, излегувањето од храмот и миењето со светата вода, според обичаите и верувањата, посетителот станува аџија.

Просторот привлекува со својата убавина и живопис, а Црквата претставува место каде илјадници христијани и муслимани доаѓаат да се поклонат и да се помолат. Се чини дека во две илјадитата година Црквата беше најпосетена на 15 август, кога се одржа најголемиот собир по повод Третиот милениум од христијанството, кога Црквата беше посетена од илјадници верници, намерници, христијани, муслимани и други.

Инаку, според пишаните документи познато е дека свети Јован ја донел света Богородица во Ефес во четвртата или петтата  година, веднаш по распетието на Исус Христос. Куќата на планината Билбил, која била подготвена и направена од свети Јован, се наоѓа на 420 метри надморска височина.

stariot-grad-efes
Стариот град Ефес

Според кажувањата куќата ја открила германската калуѓерка Ана Катерина Емерич, која својот живот го посветила на Бога, била парализирана и воспоставила духовна комуникација со света Богородица. Нејзе во бесвесна состојба и’ се прикажувало, се вели во документите, дека Богородица е закопана во близина на Црквата. Тоа го потврдиле некои лазаријански свештеници кои во 1891 година го откриле местото на куќата во која света Богородица ги поминала последните денови од животот. Така, било откриено дека зградата во форма на крст и кубето биле руинирани, но подоцна биле реставрирани.

Во текот на нашата посета на куќата на света Богородица бевме запознати со многу детали за откривањето на храмот, за посетите и почитта од страна на христијаните и муслиманите кон овој духовен центар. Притоа, силен впечаток оставаат големата статуа во дворот пред црквата, каде човек има чувство дека света Богородица ги пречекува дојденците и добронамерниците со раширени раце. Статуата, пак, на света Богородица во апсидата, била поставена пред стотина години и претставува прекрасен примерок преку кој секој се поклонува и и’ оддава почит на мајката на Исус Христос.

Во текот на вечерните часови се вративме во неколку милионскиот Измир, каде бевме сместени во ексклузивниот хотел „Ефес“, што се наоѓа во центарот на градот и е од висока категорија. Градот, пак, чие турско име е Измир, е познат и по името Смирна. Тој е најважното морско пристаниште во Мала Азија, на брегот на Егејското Море и е трет град по големина во Турција. Смирна е стара јонска населба која била обновена во IV век прд Христа. За време на Римската Империја и Византија, Измир бил еден од најголемите градови во Мала Азија. Во неговата историја стои дека градот бил под власт на Татарите, кои го опустошиле, потоа под Елините, кои во градот ги погрчувале, а во 1922 година е ослободен од Турците на чело со Кемал Ататурк. Ова многу значајно морско пристаниште и стратешки копнена локација, во 1952 година станала значајна база на НАТО.

Посетата на велеградот Измир ни остана во трајно сеќавање. Имено, во текот на првиот ден делегацијата од Република Македонија во чиј состав се наоѓаше и авторот на овие редови, беше примена од градоначалникот на Општина Борнова, господинот Ченгиз Булут, кој по потекло е од селото Сирково, Кавадаречко, а е роден во Измир. Тој со својот убав македонски јазик пленуваше како соговорник. Тој виден граѓанин на Општината Борнова приреди свечена вечера за делегацијата од Македонија. Притоа нè информира дека Општината Борнова  брои околу 500 илјади жители, меѓу кои, според некои показатели 30 отсто се турски граѓани од Македонија, претежно исламизирани Македонци.

oreolot-na-deva-marija
Монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа“ чиј автори се Проф. д-р Вера Стојчевкса – Антиќ и Славе Николовски – Катин, е издание на „Македонска искра“, Скопјке, 2007, 1-254.

Тоа го потврдивме при нашата прошетка покрај морето, каде сретнавме голем број жители кои зборуваа македонски и со задоволство застануваа да се поздрават со нас, гостите од Македонија. На вечерата, пак, покрај видните граѓани на Турција од македонско потекло, како што беше пратеникот Кемал Вата, присуствуваше и заменик-валијата на Измир господин Рамаза Ирганџиоглу.

Се чини посетата на Општина Борнова за нас беше посебно доживување. Имено, во Домот на културата во оваа општина на делегацијата и’ беше приреден незаборавен пречек. Неколку стотици граѓани нè чекаа како гости од Република Македонија. Тука беше и оркестарот за македонска народна музика кој нè пречека со македонски песни и ора. Ги слушнавме „Битола мој роден крај“, „Македонијо“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други познати песни и ора. Се почувствувавме како да сме во Врановци, во Жировница, во Жупа, во Македонија. На пречекот, покрај домаќините, присуствуваа повеќе претставници на Друштвото „Румели“, ученици и други видни граѓани кои живеат и работат во Измир, особено во Општината Борнова, по потекло од реканскиот, велешкиот и други краишта на Македонија.

По срдечниот пречек беше организирана трибина на која учествуваа околу 200 учесници, од кои голем број од различни асоцијации на турски жители од целиот Балкан и пошироко, кои добро соработуваат со жителите на Борнова. Во разговорите стана збор за соработката на општествен, културен  и друг план, како и за заедничките интереси на граѓаните од двете држави – Република Турција и Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top