Дијаспора

Меѓу македонците во Флорида

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Флорида е  интересна и значајна од север со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Таму живее  бизнисменот Стив Плиакес од Канада, кој потекнува од селото Зелениче, Леринско.  Тој е Македонецот кој прв отиде во посета на Хунзите во Пакистан да ги открие и да остави вечна трага кај едни од потомците на Александар Македонски во големата Македонска Империја.

Често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде живеат претежно во есен и зима. И ние се шетавме по сите убави интересни и по многу нешта карактеристични простори, за кои е потребно многу време за да ги видиш. Меѓутоа, одличната инфраструктура, поврзаноста со главните и споредни сообраќајници патувањето го прават пријатно и интересно.         

Во пишаните материјали кои ги читавме пред нашето патување, меѓу другото, се вели дека Флорида е сојузна држава на Соединетите Американски Држави, на полуостровот Флорида, помеѓу Атланскиот Океан и Мексиканскиот Залив, чиј главен град е Телахаси, но се чини Мајами е најзначајниот град, како и градовите Џексонвил, Темпа и прочуените  морски капалишта Мајами Бич, Палм Бич и Дејдона Бич. Флорида е пространа рамница, со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и топли лета.

Низ Флорида течат многу реки со бавен тек. Има голем број мочуришта и езера, а поголемо е езерото Окичоби. Туризмот е најразвиена гранка во Соединетите Американски Држави, но, исто така, во Флорида е развиена и прехранбената, дрвната и други индустрии. По производство на минерални фосфати е прва во Западната хемисфера.

florida-1

Инаку, Флорида ја открил шпанскиот истражувач Понсе де Леон во 1513 година. Под Шпанија била до 1763 година, потоа под Англија Се’ до 1983 година, кога повторна потпаднала под Шпанија. Во 1819 година Соединетите Американски Држави ја откупиле од Шпанија, меѓутоа долготрајната битка меѓу Соединетите Американски Држави и семинолските Индијанци оставила траги. Флорида е сојузна држава на Соединетите Американски Држави  од 1845 година. 

Таа е интересна и значајна од север со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Тој ја дели Флорида од  Куба, а со тоа дели два различни света. Ние  имавме среќа да го видиме тоа и да го почувствуваме од двете страни. Од Флорида при посетата на еден наш роднина од Преспа каде имавме прекрасни мигови и поминавме незаборавно,и од Куба, пак, при нашите посети ја гледавме Флорида од каде од двете држави гледавме чудесно зајдисонце кое остава траги во сеќавањата на посетителот.    

Во монденските летувалишта на Флорида – Форт Лодердел, не пречекаа нашите домаќини Лили и Стив Плиакес. Тие се познати и признати Македонци во македонската комуна во Торонто  и се едни од бројните Македонци од Канада и северните делови на САД кои во текот на есента и зимата се преселуваат во Флорида. Инаку, тие кои во летниот период живеат во Маркам или патуваат за Македонија и на многу места ширум светот, се едни од Македонците кои се населиле како ластовички од Канада во Флорида.

Но, во Канада тие се едни од најактивните во македонската заедница во Торонто. Меѓу другото, Стив Плиакес, кој потекнува од селото Зелениче, Леринско бил претседател на организацијата „Обединети Македонци“ и еден од најактивните во текот на одржувањето на Средбата на децата бегалци од Беломорска Македонија во 1988 година, што се одржа во Република Македонија.

united-macedonians

Меѓу другото, тој бил и претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Стив Плиакес е Македонецот кој прв отиде во посета на Хунзите во Пакистан да ги открие и да остави вечна трага кај едни од потомците на Александар Македонски во големата Македонска Империја.

Исто така, тој беше еден од спонзорите на олимпијците од Република Македонија на Олимписките игри во Атина и во Пекинг, каде го носеше македонското знаме и, покрај спортистите, тогаш тој беше најгордиот од сите горди Македонци во светот.   

Лили Плиакес, животниот сопатник на Стив, пак, е родена во селото Желево, Леринско, која со неполни две години го напуштила родното огниште и патиштата ја однеле во Полска, а потоа дошла во Канада. Таа со своите активности во женските секции на македонските православни цркви во Канада и Флорида и други асоцијации е позната и призната Македонка.

Лили, заедно со Стив, меѓу другото, се донатори на инструмент за дијализа во болницата во Скопје, финансиски поддржувачи на голем број активности на Македонците во Канада и САД, како и на македонските православни цркви, друштва и различни македонски асоцијации во Македонија, во Беломорието, во Пирин, во Албанија и други места ширум светот каде живеат Македонци.

Исто така, Стив и Лили Плиакес и нивното семејство со своите бизниси играат значајна улога во канадското општество. Меѓутоа, се чини дека тие особено се познати пo трговскиот центар именуван како „Македонската плаза’ во Маркам, во Канада единствен од таков вид во македонската дијаспора.

florida-2
Форт Лодердеил
         

Бевме сместени во нивниот убав и богат апартман на 22 кат, како тие често го нарекуваат македонски дом. Зградата претставува интересно архитектонско здание со сите потребни простории за одмор, удобно живеење и рекреација. Таа е зграда каде претежно живеат Евреи од САД и Канада.

На тие простори можат да се видат десетици повеќекатни згради, распослани покрај океанот, кои се значајни сами за себе и претставуваат една богата архитектонска целина. Се чувствува дека брегот дише многу потопло и поубаво и за очите и за душата од каде и да било на друго место во светот.

Да се види Флорида, во исто време значи човек да се запознае со вистините кои се видени на филмското платно, преку малиот екран, во фантазиите, мечтите…

Затоа, со право Евреите, кои ги запознавме кај базенот и џакузите во дворот за рекреација на зградата, велат дека општината каде се наоѓа зградата – Авентура е вистинското место за живеење и рекреација. Со своите трговски центри, места за рекреација, со културниот центар и синагогата, со прекрасните океански плажи и многуте заливи за паркирање на богатите јахти, Авентура станало многу популарно место на богаташите од северниот дел на САД и од Канада, кои привремено или постојано се населиле во Флорида.

Флорида е една од најинтересните простори на Земјината топка со својата географска положба, клима и посебност од секаков вид. Имаш впечаток дека по должината на брегот на океанот се наоѓа еден град чија големина е непрегледна илјадници километри од Џонсонвил до Мајами. Затоа, често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде живеат претежно во есен и зима, А нив, со право нив ги викаат „птици преселници“, кои се шетаат по убавите и интересните и по многу нешта карактеристични простори, за кои за да се видат е потребно многу време.

pelisterski-kniga
Публикацијата „Македонците во САД и Канада“
, и мпнпграфијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски од Флорида“, чиј автор е Славе Николовски-Катин, се изданија на  „Македонска искра“ – Скопје, 2002, 1-382, и 2008, 1-254 (на македонски и англиски јазик)

Во текот на нашиот престој во Флорида бевме гости на Годишниот македонски пикник што го организираше Македонската православна црква „Свети Димитрија“ од Јужна Флорида. Во еден од парковите за рекреација се собраа околу 250 Македонци од различни возрасти, меѓу кои членовите на црквата и други добронамерници и пријатели на Македонците.

Исто така, тогаш се одржа и Традиционалниот голф турнир, кој го организираа македонски бизнисмени од Канада и САД. Во тие денови во акцијата за собирање средства за црквата „Свети Димитрија“ беа собрани околу 50 илјади долари. Тоа значеше и нов почеток на започнувањето на градежните работи и посветла иднина на овој македонски храм.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top