Дијаспора

Прослава на радиото „Обединета Македонија“ од Торонто

obedineta-makedonija

ОД ЖИВОТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Македонските информативни гласила во Канада се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење и улога во севкупното живеење на Македонците од етничка Македонија во новата средина. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни од новинарски, информативен, музички, национален и друг карактер.

obedineta-makedonija
Драгица и Мицко Димовски

Инаку, радио часовите на Македонците во Канада, со мали исклучоци, главно се изведуваат аматерски, во комерцијални цели и се скромно организирани, но со силен ентузијазам и љубов кон македонската пена и оро и кон Македонија. Тоа е од потребата македонските доселеници од сите делови на Македонија да слушнат и да разберат за состојбите, пред с# во новата средина и поширо од “стариот крај” – од дедовското огниште во Македонија.

Информативните гласила носат длабока порака: го јакнат патриотскиот дух, успеваат да го зачуваат националниот идентитет, јазикот, културата, духовното наследство и, над с#, богатите музички и фолклорни постигнувања на македонскиот народ. Од музички аспект, пак, радио часови во македонската дијаспора, носат исклучиво македонски карактер.

Еден од значајните и слушаните македонските радио часови во Канада е, секако, Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” од Торонто. Тоа е едно од неколкуте радио часови во ова канадска петропола, кај кое доаѓаат до израз, пред с# и над с#, националните белези на македонскиот народ од етничка Македонија.

Македонското патриотско радио “Обединета Македонија”  ја започна својата информативна дејност уште во 1998 година, со своја аматерка програма и скромни финансиски можности. Водитети и уредници се брачниот пар Драгица и Мицко Димовски, кои водат потекло од битолскиот крај.  Радиото се емитува секоја сабота од 9-10 часот наутро на 1430 АМ на Радио станицата СНКТ, а повторно емисиите се емитуваат на интернет на Етничкото радио за слушателите во Ванкувер и Калгари, во западниот дел на Канада.

Како што времето одминува овој радио час станува посериозен гласник и едно од водечките македонски информатори во демократска и мултикултурна Канада. Меѓу другото, Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” за изминатите 17 година организира традиционални игранки, со настап на македонски естрадни уметници и со учество на фолклорни групи. Тој е спонзориран од македонски компании, Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” и поединци, меѓу кои главен спонсор е, секако, почитуваната д-р. Елизабета Димовска.

Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” настојува во голема мера да го запознае слушателот со политичката состојба во Македонија, со македонскиот јазик, културата, религијата, историјата, фолклорот, обичаите и други постигнувања во Република Македонија.

proslava
Дел од пролавата

Програмите на овој значаен и по многу нешта карактеристичен македонски радио час со единствено име во дијаспората како “Обединета Македонија”  се разновидни и интересни за слушателите. На програмите се застапени, вести од Република Македонија, настани од македонската заедница во Торонто и пошироко, потоа соопштенија, поздрави и честитки и голем број музички програми со убави македонски песни и музика од сите делови на Македонија.

Драгица и Мицко Димовски се душата на овој македонски радио час. Тие се познати и признати Македоци во македонската заедница во Канада. Двајцата како тандем се многу активни членови на Македонската православна црква “Свети Климнет Охридски” и особено на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”. Драгица Димовска е активна во Литературното дртуштво уште од неговото формирањето во 1987 година, а била повеќе пати претседател и потпретседател. Тие се автори на повеќе објавени литературни остварувања.

Една од активностите на Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” е организирањето на годишната игранка. Имено, на 18-ти април оваа година, во големата сала на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржа 17-та традиционалната игранка. На оваа пријатна македонска вечер на која беа присатни околу 200 души, гостите ги забавуваше Бендот на Соња и Оливер.

bosko-dana
Бошко Рајчовски-Пелистерски и Дана Сајков-Скотланд

Инаку, вечерта помина во пријатна атмосфера со поздравување, пред с# од домаќините Драгица и Мицко Димовски, а потоа од одреден број гости, меѓу кои, заменик конзулот на Република Македонија  во Канада, свештеникот на МПЦ “Света Богородица” во Кичинер, Гоце Деспотовски, потоа, Бошко Рајчовски – Пелистерски, уредник и водител на Македонското радио “Оро македонско” во Детроит, Славе Катин, како гостин од Македонија и други.

Исто така, на вечерта се претстави хуманитарката и поетеса, Дана Саиков-Скотланд, по потекло од егејскиот дел на Македонија со своја литературна творба на македонски јазик. Со својот убав И пријатен глас, вечерта ја збогатија естрандниот уметник Соња Лозановска, која, инаку е и главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” во Торонто, како и познатата интерпретаторка на народни песни Мери Мајнас од егејскиот дел на Македонија.

sonja-meri
Соња Лозановска и Мери Мајнас

Забавата на Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” траеше до доцна во ноќта, кога македонските ора и патриотските песните беа еден вид причина за големото другарување на Македонците од Торонто.

Славе Катин

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top