Дијаспора

Признание од Владата на Нов Јужен Велс за Душан Ристевски

Priznanie-za-Dushan-Ristevski

Priznanie-za-Dushan-Ristevski

Премиерот на Нов Јужен Велс , Hon. Michael Baird, за време Денот на Австралија во јануари оваа година на нашиот познат општественик, поет и драматург Душан Ристевски, му додели државно признание (Community Service Award) за неговиот неизмерен  допринос во австралјанската заедница. Од името на Премиерот, плакетата му ја предаде членот во парламентот од Рогдаел Госп. John Flowers, кој на Душан наискрено му се заблагодари од владата на Нов Јужен Велс за неговото долгодишно работење во мултикултурна Австралија.

Имено, Душан приближно 40 години активно е вклучен во општествениот живот во Сиднеј. Покрај тоа што е вклучен во Литературното друштво „Григор Прличев“ тој има одиграно голема улога во воспоставување на социјални служби за емигрантите, посебно за Македонците, во Сиднеј. Тој бил главниот носител на воспоставување на посебни служби за жените, младите и постарите граѓани преку Македонско австралиското добротворно друштво и Емигрантскиот изворен центар во регионот Св Ѓорѓи, а за последните 20 години е еден од најважните носители во воспоставување на соодветни програми за менталното здравје во оваа држава. За неговото иноваторство во употребување на театарот како средство за намалување стигмата од менталните и канцорозните болести бил и наградуван, а тој приод веќе се употребува од повеќе етнички заедници во Австралија како и интернационално. Неговите прирачници за обучување на здраствените работници се применуваат нашироко. Минатата година успешно се презентира драмата „The Fence – Ограда“ која имаше за цел да се промовира хармонија и толеранција во мултикултурното австралиско општество.

Како поет Душан досега има објавено шест книги поезија за што и беше награден со наградата Иселеничка грамота  и „Стојан Христов“ на СВП,  а на сцена преку Австралиско македонскиот театар од Сиднеј досега има поставено осум врвни драмски дела кои обработуваат социјални и семејни теми тесно поврзани со животот на Македонците во Австралија.

Честитки до Душан за неговата неуморна работа преку која успешно ја промовира македонската култура и нација овде во Австралија.

Иван Трпоски

Фото: Госп. John Flowers и Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top