Дијаспора

Иселеништвото загрижено, но истрајно со поддршка на Владата за доброто на Македонија

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Точно е, според мое сознание, дека нема СОРОСОИДИ во дијаспората, бидејќи тие што имаат потреба од средства за полуксузен живот, мислам дека ги добиваат преку активностите во верските македонски цркви и манастири.

Тогаш зошто поедини високи функционери на тие МП цркви и манастири, кои функционираат во состав на пооделни македонски православни општини, а тие во асоцијацијата на Македонски православни општини на Австралија, кои не се задоволни извесно или тотално за потребна поддршка на нивното владеење, со таа одвоена верска асоцијација од МП Епархија? Зошто, во овие тешки моменти за сувереноста на Република Македонија, се свртени кон СДСМ, а против ВМРО-ДПМНЕ? Тие несакајќи или незнаејќи или пак со смисленост го поддржуваат ПУЧОТ или обидот за државен удар против владата на Република Македонија и лично против Никола Груевски?

Дали со нивната поддршка на СДСМ, се надеваат да ги добијат административните и правни права за да ја раководат МП Епархија на Австралија, а на штета на македонската националност и посебно на државната сувереност со промена и исчезнување на уставното име на Македонија и евентуално со поделба на републиката, помеѓу нејзините соседи за кое настојуваат СОРОС, ЕУ и актуелните американски политичари, лукаво но неофицијално!?

Секоја влада на европска или светска држава, прави извесни пропусти при нивното владеење, иако имаат искуства со децении или со векови. Така и нашата актуелна коалициона влада, раководена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, која е на власт околу 9 години, има извесни пропусти, кои засегнуваат поединци од своите редови или поддржувачи или пак поединци со опозициони политички ставови и политички организации. Меѓу нив, кој долги години ја поддржува централата на ВМРО-ДПМНЕ, спаѓам и јас со мала доза на засегнатост, но се воздржувам и чекам поволна прилика да реагирам прописно и да ги побарам моите права, без да ја нарушам стабилноста на сувереноста на Република Македонија или демократијата на централата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со своите 4 децениски патриотски активности во иселеништвото во Австралија, со моите публикувани 10-тина патриотски книги, македонски историски дела, книги за македонските човекови права и слободи, а згора на тоа стотици слични национално политички статии доставувани на стотици македонски интелектуалци. Згора на тоа истите статии се публикувани во најпатриотски магазини како во „Македонска нација“ во која сум еден од уредниците за иселеништвото, како и во списанието „Македонско сонце“ и во други списанија, мислам дека го имам моето право. Затоа ќе чекам да се стабилизира политичката положба на Република Македонија, кое би било фер не само од мене, туку препорачувам и од сите како мене и пошироко, а посебно од административните верски раководства и поедини просоцијалистички и прокомунистички македонски организации и медиуми во дијаспората, посебно во Австралија.

Во меѓувремено да ве информирам за моите забелешки за поедини лидери или институции на власта, кои недоволно или воопшто не го информираат Претседателот и премиерот Никола Груевски за извесни организациони барања и потреби на интелектуалното Македонско иселеништво, кое активно секојдневно ја подржува централата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот И премиерот Груевски. Во тоа спаѓа и моето барање за званичното признавање на идеологот и оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, кои од крајот на Втората Светска Војна па се` до 1990 година, кога се оформи оваа политичка партија во дијаспората, неуморно работеа за падот на Југословенскиот комунизам и социјализам и за обновување на дел од античката македонска држава, Република Македонија.

За мојот став, да се воздржите од секаква помош на антимакедонската социјал-демократска партија на Зоран Заев, а да ја помогнеме актуелната влада на Република Македонија за стабилизирање на републиката, го приложувам следното образлозение на увид:

Како што знаеме, ВМРО-ДПМНЕ раководено од Никола Груевски ги доби првите пареламентарни избори во Република Македонија во 2006 година. Нели до тогаш владееше СДСМ на чело со претседател и премиер Бранко Црвенковски!? Кога е така, кога се слуша гласот на народот преку парламентарните избори во Македонија, а и тоа е пракса во државите со демократска власт, зашто тоа не важи за бившите комунисти, а преведени во денешни социјалисти, СДСМ-овци!?

Еве уште еден факт, дека ВМРО-ДПМНЕ не сака караници и стварање на дестабилизација на Република Македонија, овој пат земено од искуството кое настана од првите парламентарни избори на Република Македонија во 1991 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите со мнозинство на гласови, а сепак лукавите комунисти СДСМ-овци, имајќи искуства од државни работи и дипломатија, формираа влада и го превзедоа водството на Република Македонија. Недопечените, нови демократи, раководени со погрешно избрани раководители на централата на ВМРО-ДПМНЕ на Република Македонија, од брзите одлуки кои се наметнаа во тоа време и немајќи други интелектуалци, предложени од страна на идеологот на оваа демократска партија, Драган Богдановски, кој почна да биде изолиран од партијата која ја основа, почнаа да ги довршуваат прибирањата на народните имоти, фабрики и сл., кои останаа недоразграбани од СДСМ-овците. Идеологот Богдановски кога почна да реагира за неправилностите на недоквачените ВМРО-вци, неправилно и кукавички беше отстранет од таа нова партија, која го донесе и прулуризмот во републиката. Не само неговото отстранување, туку тоа не` парализира  скоро сите нас од македонското иселеништво, како лидери, видни раководители и поголемиот број на членство на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на владата на Република Македонија, Никола Груевски има најголеми заслуги за обнова на Република Македонија, видниот просперитет на стандардот на живеење во споредба со мизерниот од бившите комунистички и социјалистички влади на републиката, постигнат просперитет на сите полиња од економскиот, општествениот и демократскиот политички систем на владеењето, согласно со Собранието на Република Македонија, за краток период од 9 години. Затоа треба да го поддржуваме нашиот премиер Груевски, сите Македонци и наши пријатели, за да имаме меѓусебни добри односи, соработки и надградувања на македонското единство.

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top