Дијаспора

Познати и признати личности од Долна Преспа во Егејска Македонија

slave-katin-2

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

ПОДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА – ПОДЕЛЕНА ПРЕСПА

Во Долна Преспа во егејскиот дел на Македонија постојат македонските села: Раби (Р’би), Герман,  Медово, Штрково, Опаа, Рудари, Папли (П’пли), Оровник, Буковик, Лок (Л’к), Дреново, Трново, Граждено, Орово, Дробитишта, Винени, Нивици и Аил (Ахил), како и 3 села во делот на Албанија: Заградец, Ракитско и Суец

Од сите наведени села има многу знајни и незнајни, познати и признати личности. Но, во оваа прилика ќе споменам дел од од тој македонски народ кој вековно ја носи Македонија во своите души и срца. Така, за подготовките на Илинденското востание во Длна Преспа, посебна заслуга имале познатите војводи Славејко Арсов од Штип, Никола Кокарев од селото Царев Двор, Велјан Илиев од селото Смилево, Даме Маслановски и Спиро Миовски од селото П’пли Ангел Андреев од селото Рудари, Наум и Петре Германчето од селото Герман и многу други востанички раководители и селски војводи.

Посебно место, пак,  им припаѓа на  истакнатите борци од Долна Преспа кои ги дадоа своите животи за народот од Егејска Македонија. Меѓу нив се  светлите ликови на учителот Лазо Ангеловски од Граждeно, Сотир Миовски од Орово, Германија Пајкова и Никола Четелевски од Герман и многу други знајни и незнајни херои. Се чини на пиедесталот од познатите личности од Долна Преспа во Егејска Македонија е, секако Богоја Наумов-Фотев, револуционер и претседател на Президиумот на АСНОМ, кој беше роден во Герман, а живееше во Бистрица, Битолско.

Во оваа пригода треба скромно да отслика дел од некои настани и личности кои имаат придонес во историскиот, националниот, духовниот и културниот развој на Долна Преспа, во Егејска Македонија. Се знае дека најголем број од населението е распрскано по светот, но тоа, со некои исклучоци, си остана со силни национални чувства и голема почит и љубов кон прадедовската поделена земја – Македонија. Меѓутоа, од немање доволно простор и податоци за делот од Долна Преспа што е окупиран од Елада (Грција), особено за помладите генерации, ги молам читателите да имаат разбирање.

bogoja-fotev
Богоја Фотев

lazo-angelovski
Лазо Ангеловски

Исто така, во овој дел за Долна Преспа во Беломорска Македонија ќе забележиме имиња кои имаат значаен прилог во културата и пишаниот збор.         

Томе Миовски е роден 1933 година во  селото Орово, Долна Преспа, а живее во Перт, Австралија. Тој е еден од хроничарите за македонското иселеништво во Австралија и е автор на делата: „Паднати за татковината“ (1968); „Австралија и македонските доселеници“ (1971); „Орово и оровчани во минатото“ (1988), и „Македонците во Западна Австралија“ (1999).

Во 1979 година излезе од печат значајното дело „Монографијата со спомен – албум за селото Герман – Преспанско“, чиј автори се Митре Ј Кајчевски, проф. Александар Г. Карловски, Ристо Н. Малјановски и Пандо К. Кајчевски. Ова моногравско дело е еден вид потсетник за минатото и израз на длабока почит на многубројните жртви од ова македонско село.

Митре Кајчевски – Мичо е роден во 1926 година во Герман. Покрај тоа што е коавтор на дело „Монографијата со спомен – албум за селото Герман – Преспанско“, тој е и автор на трудот „Неуништливи корени – Преспа во минатото и сегашноста“ (1989).

Цветко Сарагилов е роден во 1921 година во Герман, а е познат поет во Канада и САД. Тој е автор на стихозбирките „Мајко Македонијо“ (1982) и „Паднала магла“ (1989).

Коста Мундушев е од Раби, а е автор на книгата „Преспа во пламен и чад“ издадена во 1988 година, која се однесува на поделбата на Преспа во Втората светска војна.

Стојан (Стен) Малијан потекнува од Герман, Долна Преспа. По Втората светска војна заминал за Канада, а потоа за САД, каде го стекнал своето образование. Автор е на книгата „Историја и религија на Македонија – портата за Европа“, на аглиски јазик (History and Religion of Macedonia – Gateway to Europe) издадена во 2009 година.

tkaena-taga
Стихозбирката „Ткаена тага“ од Ристо Милјановски е издание на МИ-Ан, Скопје, 1996,      1-76, а Стихозбирката „Мајко Македонијо“ од Цветко Сарагилов е издание на „Илинден“ Детроит, САД, 1982, 1-20.

Јанче Андоновски е роден 1968 година во Скопје. Потекнува од егејскиот дел на Македонија, по татко Ристо од селото П’пли од Долна Преспа и мајка Елена од селото Косинец, Костурско. Автор е на повеќе дела за Македонците од егејскиот дел на Македонија и тоа: „Крваво за Македонците“ (1985); „Мозок“ (1986); „Итар Пејо се вратил од кај грешните“ (1997); „Разделба“; „Туѓинец во Ташкент“ и „Средба“, сите дела издадени во 1991 година; „Суд над Бога“ (1992), и „Носталгија кон далечниот роден крај“ издадена во 1995 година.

Овој плоден автор има напишано и неколку сценарија за играни серии: сценарио за филм „Непобедива си судбино“, работен по текст од расказот „Опустошени души“ од Зоран Јакимовски (1991), сценарио за детската играна серија „Аладиновата ламба“ (1992) и кореодрамата во шест слики посветена на референдумот од 1991 година „Молк на душата“ (1992).

Герман Алабашовски живее во Торонто и е член на друштвото „Браќа Миладиновци“ во МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Објавил повеќе песни во изданијата на Друштвото.

Овие скромни поети, писатели, историчари, паталци и вљубеници во Македонија, во Долна Преспа во Егејска Македонија, како и голем број други познати и непознати долнопреспанци насекаде по светот ќе останат забележани како личности кои имаат големо значење и придонес за афирмација на вистина на Долна Преспа и на Македонија.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top