Дијаспора

Патриотите од иселеништвото имаат желба за сузбивање на дестабилизацијата на Р.М. предизвикана од СДСМ

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: ЈанкоТОМОВ

Ако не поднесуваш критики за твоето или за вашето раководно место во правните, економските, граѓанските и општествените функции, а посебно во политичката партија или во вонвладина организација и сл., кои се добронамерни за сите, тогаш ги немаш основите за демократија, без кои немаш иднина, а со тебе и твоите соработници и народот кој гласал за тебе и кој те подржува. Затоа, како подржувачи на вас, од ВМРО-ДПМНЕ и на поедини докажани вонвладини поединци и организации од републиката, сметаме да ги примате нашите добронамерни предлози, кои полесно ке го санираат договорот од Пржино и на крај полесно ке се спаси демократијата на Република Македонија.

Во Австралија, на пример, која ја сметам за најдемократска мултинационална и мултикултурна  држава на светот, непочитувањето на гласачите или правење спротивно на нивните желби, за одредената политичка партија, за која гласале, а ветени пред изборите, сега овие гласачи, ги даваат гласовите за наредните избори на другата политичка партија, која била во опозиција, а која им понадила подобар и попросперитетен програм и фактички реални остварувања на ветувањата. Спротивно на тоа народот, гласа за партија која сметаат дека ќе ги задоволи нивните потреби и желби, ако не се задоволени од предходната партија, за која го дале својот глас. Не само тоа, туку во самата партија, која ги прекршила предизборните ветувања на своите најблиски членови или поддржувачи, во текот на нивното владеење, настанува измена на водечката гарнитура на таа политичката партија. Оваа измена ја вршат кадри на партијата кои не се во раководството кое згрешило, туку кои имаат своја идеја или стил за подобро водење на нивната партија, а ги задржуваат тие кадри кои се сложуваат со избраниот иден Премиер, на државно ниво  или Прајминистер на федерално ниво. Тоа настанува пред изборите на своите конгреси на опозиционата политичка партија, а и во актуелната партија.

Тоа досега го немаше во Република Македонија, во ниту една политичка партија, освен кога Никола Груевски, како министер за финансии, при владата на ВМРО-ДОМНЕ, раководена од Љубчо Георгиевски, во 2006 година, успеа со своите истомисленици да го симне од претседател на партијата со голем број на гласови И со тоа да го завземе неговото место. Внимателно и со добра програма, со својата група излезе на наредните парламентарни избори, во 2006 година, што убедливо ги доби.

Бидејќи поедини функционери, во ВМРО-ДПМНЕ имаат досега извесни пропусти, на владини позиции или се преоптоварени со задолженија, претседателот Никола Груевски треба да го дополни Извршниот одбор на партијата, со високи интелектуалци, докажани патриоти и стручњаци, кои исто така владеат со поедини светски јазици (претежно Англискиот, Рускиот или Кинескиот јазик), што е актуелно и потребно, за областите кои извршната власт  ги поседува. За таа цел спремив листа од најблиски патриоти до ВМРО-ДПМНЕ, кои се со високо образование и докажани подржувачи на демократскиот систем на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се активни, со своите актуелни написи и во македонската медија, пред се. Листата на Македонски интелектуалци, е составена, според мои лични убедувања, кои произлегуваат од поедини нивни авторски дела, кои делумно ги сретнувам во медиумските изданија на интернет, за кое во една статија во месец Јули пишував во списамието “Македонска нација”, а сега ви ја доставувам, како анекс во атачмент на овој мој и-маил: јтомовЖбигпонд.нет.ау 

Бидејки живеам во Бризбен,  Австралија, јас не сум во можност, да ја организирам групата или да ги барам нивните согласности. Потребно е некој  да воспостави почетен контакт, преку нивните и-маили или работни организации. Така  на некој прикладен собир или состанок, да се запознаат меѓусебно. Но, предходно  некој треба да ги извести и да ги добие нивните согласности, а пред се нивните и-маил адреси, за иден договор. Ако тоа се реализира, за што мислам дека ке се појават и други слични на нив способни интелектуалци, за да се прошири групата. Можеби поедини од списокот, не сакаат да соработуваат со некој од оваа група, па на првиот митинг нека сите се изјаснат, културно и хумано, за што верувам ке има потребен успех за демократијата на Република Македонија и помош за најдоброто раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а и поттик и добар пример за опозиционата СДСМ или за останалите досега понепознати демократски партии. Ако тоа не се организира, во догледно време, бидејќи за реализирање на  договорот од Пржино, потребни се овие интелектуалци кои се постручни од поединци, кои сега ги обавуваат работите за ВМРО-ДПМНЕ, кое е сардисано од антимакедонските и антидемократските политичари на СДСМ,  а помогнати од наивната и прелажената меѓународна заедница на ЕУ и САД, кои ги имаат вкључено најспособните свои дипломати и престваници.

Во СДСМ нема никаква демократија, бидејќи е прокомунистичка со идеи и чив извршен одбор и претседател на партијата е однапред определен Претседател или Премиер со негови заменици. Што значи, ако постои гласање за нив сите го знаат тоа дека е од нивниот идол или лидер, кој има други функции или е “повлечен” од активноста на партијата, а сите,  према кој имаат страхопочитување и се сметаат сите за социјалдемократи! Така се открива вистината, бидејки нема доволна или воопшто потребна демоктарија во самата политичка партија, за да ги завземат раководните функции, тие  членови на партијата, кои потекнуваат од раководствата на региони-градови до раководствата на извршните комитети или одбори или централи на партиите.

За гласачите на СДСМ, како и за нивното членство немало и ќе нема демократија и правда, бидејки тие нивни раководства се делегирани од постарите комунисти, кои владееја со СР Македонија до 1991 година, и нивните следбеници кои само го сменија името од КПЈ, КПМ, во социалдемократска партија-СДСМ. Идеологијата не е на ниво на останалите социјалистичкиартии во ЕУ, а И во светот. Сите тие социјалистички партии имаат долгорочни традиции, во водене на своите народи, а се врз база на современиот капиталистички поредок. Единствено, од најголемите држави во светот, Кина иако до скоро беше комунистичка, иако сеуште го држи тоа име,  но всушност е една од гигантите држави со напредна екомомија, со прогресивна и стабилна демократија.

Членството на СДСМ нема да доживее успех, се додека не го сменат името на таа пратија и додека не создадат демократска програма, во која секој гласач,без разлика на политичко убедување, ако му одговара, може да ја подржи. Моите согледувања, за злосториите на СДСМ, кои во последно време, од последните вонредни парламентарни избори во 2014 година, ја дестабилизираат Република Македонија не се искажани водоволна мерка. Попрецизно, кусо и сусштински, за овие недела на СДСМ,  се изјаснил авторот Сотир Костов, од “Дневник” од 9 Август 2015, во написот  “Недемократска транзиција (6) – Јанусовците на аномичното Македонско општество”:

“Е, мои господа Јанусовци, тогаш Македонија ја дарувавте со непотизам од најсрамен вид, корупција со најнеморален лик и криминал од најсофистициран карактер.Овие девијантни појави не се рожбан а денешната власт и актуелниот момент. Тие дефинитивно се ваши мутант-накази, изнедрени од најцрните дамари на вашата авторитарна  свест и наследство што го носите со себе и кое полека, но сигурно ќе ве потоне”.

Како што гледаме од горниот цитат, наследниците на КПЈ преку КПМ, а денес СДСМ,  во своето полувековно владеење со СР Македонија, уште во почетокот на воведувањето на плурализмот во самостојна Републикаа Македонија ја продолжија својата “Пролетерска диктатура”. Слично на тоа  направија и на најгнасен начин, задушувајќи ја демократијата и решителноста на АСНОМ-ските Илинденци, убивајќи и затварајќи ги и земајќи ја нивната демократска АСНОМ-ска власт. Сотир Костов, на тоа ќе каже:

“Врв на апсурдот. Срамно, јадно и бедно за сите тие што тоа му го направија на Ченто и многуте  самосвесни дејци за независна и самостојна Македонија, млади фиданки, асномци, кои потоа беа сотрени и истребани во корен”.

Јас сум државјанин на Австралија, веќе 45 години и немам амбиции да бидам дел од било која политичка партија, а најповеќе тоа се наметнува и од моите повозрасни-сениорски години, кои ми наложуваат изолирање од политичкиот актуелен живот. Како и повеќето Македонски иселеници, од мојата генерација, кои дадовме основен придонес,  за падот на комунизмот во Европа и Југославија и за оснивање на ВМРО-ДПМНЕ и внесување на плурализмот во Македонија, не сме ангажирани во било која институција на актуелната власт на Република Македонија, или во властите на Австралија. На наш соодветен начин, ја помагаме таа партија која ја застапува демократијата, повеќе од опозиционата СДСМ,  а која демократија води кон подобрување  и прогрес на Современиот капиталистички систем на владеењето во Македонија.

Интелектуалното Македонско иселеништво, кое може да ја помогне политичката партија во Македонија, тоа го прави  доброволно, јавно или скришно,  за кое го вложува драгоценото време од својот живот, кој е наметнат со брзо темпо и со претпазливости, за да не ги навреди или обеспокои неговите блиски роднини или пријатерли, со кои е секојдневно во работна соработка или социјален контакт, а  кои имаат спротивни политички идеи.  Поединци пак, како мене, кои се ретки, јавно и достоинствено ја помагаат македонската политичка партија која е основана во дијаспората, врз база на деценијски патриотски активности, само и само за опстанок, просперитет и афирмација на македонската националност и соживотот со останалите жители на републиката, од други националности и етници, а најважно за сочувување на националното и уставно име на Македонија, како гаранција за сочувување на државниот суверенитет на Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top