Дијаспора

40 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКО-МАКЕДОНСКАТА ЕПАРХИЈА

slave-katin

slave-katin
Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО  САД И КАНАДА

Една од одредбите на Црковно-народниот собор што се одржа во Охрид од 17 до 19 јули 1967 година, кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија, беше донесена и одлуката на Светиот архиерејски синод да се формира Американско-канадско-австралиско-македонска епархија.

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, оваа значајна црковна институција, од почетокот до денес, меѓу другото,  има за цел да ги продлабочува врските и да ја јакне љубовта, верата и надежта меѓу македонските иселеници во прекуокеанските земји со Татковината и со Црквата, како и да биде мост за подобро запознавање и зближување на Македонија со земјите кадешто тие живеат. Во почетокот епархијата беше заедничка за САД, Канада и Австралија. Подоцна, се одлучи за Австралија да се формира Австралиско-македонската епархија, а денес Австралиско-новозеланд-ско – македонската епархија, која се оддели како посебна институција, а се формира и Европската  епархија.

Според одлуката на Синодот на МПЦ, за прв архиереј на целата Епархијата беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, г. Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архиереј. Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија – Торонто, од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј. Во службата на интронизацијата учествуваа свештени лица, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии од Канада и САД, бројни гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации, како и претставници на канадската влада и на медиумите.

На 4 октомври 1969 година, во просториите на МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто, со учество на бројни делегати и гости за прв пат е формирано Епархиско собрание, како највисоко тело на оваа Епархија. Потоа се избраа: верификациона комисија, записничар, потпретседател, како и Епархиски управен одбор, Епархиски црковно-судски совет и Епархиски црковно-просветен совет   

sv-bogorodica-detroid
Црквата „Света Богородица“ во Детроит

По дванаесет години, Американско-канадско-македонската црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и дејноста на МПЦ на северно-американскиот континент. Регистрирањето на ова високо управно тело на МПЦ во САД и во Канада, имаше силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини.

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

Имено, по одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија.

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање на македонските, во американските и канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

mitropolit-kiril
Митрополитот Кирил беше првиот наджен архиереј, а  Митрополитот Методиј е сега надлежен архиереј на Епархијата

Една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собир, кој се одржува секоја година од 1975. Првиот собир се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на 30 цркви и два манастира, во кои служат 30 македонски свештенослужители и еден надлежен архиереј.

Идејата за одржување на црковно-народните собири на македонските доселеници коишто живеат во САД и во Канада, произлезе од македонската етничка заедница во Гери, Индијана, поточно од црквата “Св. Петар и Павле”, првата македонска православна црква на северноамериканскиот континент. Идејата беше прифатена од членството на црквата, а потоа и од другите македонски православни цркви во Северна Америка.

Така, на 19 и 20 мај  1975 годинаво црквата “Успение на Св. Богородица”, во Колумбос, Охајо се одржа средба на која беше договорено секоја година да се одржува црковно-народен собир во разни места, односно градови во Северна Америка, каде што има македонски православни цркви. Основната цел на овој собир треба да биде зацврстувањето на единството на Македонците иселеници, како и јакнење и унапредување на дејноста на Епархијата. Се одлучи Собирот да се одржува секоја прва сабота и недела во месец септември во деновите на американскиот празник “Ден на работникот” и да трае два дена.

Првиот црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епархија се одржа во Торонто, во 1975 година. Досега организатор, односно домаќин на собирите неколку пати била македонските православни цркви во Торонто, Колумбос, Хамилтон, Гери, Рочестер, Детроит, Пасаик, Чикаго, Бафало, Винѕор, Сираќуз, Мисисага и Кливеланд.

Во рамките на собирот се состанува Епархиското собрание и се одржува централниот собир. Одржувањето на црковно-народниот собир придонесува за афирмација на националните и културните вредности на Македонците-доселеници во САД и Канада. За време на манифестацијата се одржуваат претстави од најразличен карактер: спортски, музички, културни.

Првата вечер е посветена на Епархиското собрание, на кое се расправа за состојбите приликите и прашањата врзани со црковно-духовното живеење на македонските доселеници. Втората вечер,  (саботата), пак, е посветена на фолклорот. Тогаш настапуваат културно-уметнички друштва, играорни групи и фолклорни секции од сите цркви и црковни општини. Фолклористите настапуваат ревијално, без нтпреварувачки карактер.

Третиот ден (неделата) е посветена на  духовното и  спортското живеење. Имено, предпладне се одржува заедничка богослужба, на која чиноначалствува македонски владика во сослужение на сите македонски свештеници  од Епархијата. Во текот на денот се одржуваат фулбалските натпреварувања кои имаат натпреварувачки карактер Тогаш доааѓаат до израз младите македонски генерации, кои во текот на Собирот покажуваат голема активност, ангажираност и заедничко живеење. На вечерта се одржува заеднички, семакедонски банкет, со што завршува Собирот.

Инаку, Митрополитот Кирил, чие свештено име му е Никола Поповски беше прв надлежен архиереј на новоформираната Американско-канадско-австралиската епархија, подоцна Американско-канадска епархија  од  1967 до 1987 година. Од 1987 до април 1989 година митрополитот Стефан беше надлежен за Епархија. Од април 1989 до 1992 година, пак,  Епархијата ја администрираше архиепископот Гаврил, а потоа Епархијата беше под административна надлежност на Синодот. Архиепископот Михаил го презеде администрирањето на оваа Епархија од 1993 до 1999 година, а архиепископот Стефан беше надлежен од 1999 до 2006 година.

svestenici
Дел од свештениците на Епархијата

Митрополитот американско-канадски Методиј, пак, чие мирјанско име му е Методиј Златанов ја превзеде надлежноста на Американско-канадскато-македонската епархија во 2006 година  и на чело на оваа Епархија е и денес, со седиште во Детроит.

Оваа година јубилејниот 40-ти по ред Црковно-народен собир на Американско-канадско-македонската епархија  ќе се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Детроит, Мичиген, на кој ќе земат учество сите македонски православна црква  од Соединетите Американски Држави и Канада.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top