Дијаспора

Актуелности во македонската криза во мај-септември 2015 година (3 дел)

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: ЈанкоТОМОВ

Актуелностите се забележани преку цитати од автории на статии, од македонската дневна медија и интернет изданијата, кои даваат слика за состојбата на Република Македонија, во времето кога актуелната влада на премиерот Никола Груевски, драстично се соочува со ненормални антимакедонски барања од страна на опозиционата  СДСМ. Опозицијата е  надвор од Собранието, која преку протести и демонстрации створи политичка криза, а со помош на американскиот милионер СОРОС, кој ја финансира фондацијата на Милчин “Отворено општество”. Надоврзано на политичката криза, во втората половина на Август, отпочна и бегалска криза, на бегалци од воните во Сирија и Ирак, каде  десетици Иљади бегалци, Грција ги трупа и бутка преку границата во Република Македонија.

Во “Нова Македонија” о 7 Август 2015, има наслов од Драган Јањатов: “Што се тркала зад ридот”. Овде се зборува за чудни состаноци на Македонски и Бугарски политичари, за нови билетерални соработки вклучувајки ги најчуствителните спорни прашања, како што е Македонскиот јазик и Македонската националност. Преку клаузата која Бугарите настојуваат да биде одлучувачка  за прием на Р.М. во ЕУ и НАТО “Добрососедство и пријателство”, Македонци и Македонија со тоа ќе го изгубат својот опстанок.

Во “Дневник” на 22 Август 2015, авторката Ирена Радовановиќ, во насловот: “Зошто едноставно кога може да се комплицира”- Дебата за изборниот модел, вели дека Мнозинскиот модел за изборите бил добар, бидејки гласачите го гласале својот  преставник-изборник, од средината каде живеат. Значи ако тој за кого се гласа   или во изборната единица има повеќе од 51 процент на гласови, тој станувал преставник на таа партија. Мнозинскиот модел за изборите не бил добар  за лидерите  на партијата , бидејки избраните кандидати, нема сигурност дека ке им бидат верни.

Малите политички партии ја подржувале идеате за Една изборна единица, бидејки Мнозинскиот модел, во 1998 година не бил добар.

Илија Димовски, во Фејзбук вели: “Со Мнозинскиот систем на Избори граѓаните ќе  гласаат за личност, а со пропорционален (било една било шест изборни единици) се гласа за партијата…”

Во врска со изборите, други велат  дека во Европа  и во други држави во светот  имало гласање  само во една изаборна единица.

Во “Вечер” на 24 Август 2015, стои изјава на премиерот Никола Груевски: “Предлагаме Мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места, за онаа партија која ќе победи на изборите, со што ќе се обезбеди стабилна влада”.

Ирена вели за Хилари Клинтон, кога беше Државен секретар во администрацијата на Барак Обама и сега кога е претседателски кандидат за претседателските избори на САД во 2016 година, дека била подвргната на истрага од опозиционата Републиканска партија, за повеке од Триста (300) имеила од приватниот сектор, што го користела, а не дрзавниот. Републиканците мислат дека со тоа што не го користела службениот имеил, можело да ја шпионира Америка. Та во тој смисол, Ирена вели,  дека Зоран Заев и СДСМ отворено работат против актуелната влада на Република Македонија, со што истата е ставена во тешка политичка криза, но спротивно постапката на Хилари Клинтон, Американската актуелна влада  погрешно го  подржувала Зоран Заев и СДСМ.

Во “Нова Македонија” на 24 август 2015, стои наслов: “Меркел и Оланд: Заеднички одговор на ЕУ на бегалската криза” Мегу другото се вели дека Оланд истакнал дека морале да  создадат единствен систем за право на азил и дека бегалската криза ке траела подолго. Меркел притоа рекла: “ – По страшните слики од Хајдена во Саксонија, сакам да кажам дека силно го осудувам насилството што таму се случи и дека атмосферата на расизам што ја видовме е неприфатлива. Одбојно е да се види како десничарските екстремисти и неонацисти ја изразуваат својата омраза. Но, подеднакво е срамно да се види како германски граѓани, дури и семејстава со деца тоа го поддржуваат, марширајќи со нив. Можам само да повторам дека Германија е земја кој го почитува достоинството на секој поединец”.

На 26 август 15 во Нова Македонија има наслов: “ГЛАСАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕТО НА ВРСКИТЕ СО ДИАСПОРАТА” Мегу останалото се вели дека  е потребна грижата на Република Македонија према иселеништвото, наведувајки ги оближните Балкански држави, во кои живеат иселениците, додека за соседите Грција и Бугарија, се вели дека биле членки на ЕУ и дека само се посочувало дека не ги признаваат малцинските права на македонското население. “Министерството за надворешни работи и дипломатските претставништва активно ги поддржувале Македонците во странство, а понекогаш и заменик-министерот бил посебно задолжен за тоа. Но сепак, барем формално, со заветот за немешање во внатрешните работи (што е и онака невозможно и без да се декларира), врската слабее”.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top