Дијаспора

„Света Недела “ во Пикеринг – македонски центар за генерациите (5 дел)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Кога се пишува за организираното дејствување во Канада, треба да се каже дека тоа го опфаќа мнозинството македонски иселеници од сите делови на Македонија. Важна компонента на ваквото организирање е тоа што тие се сплотени во самостојни асоцијации, пред се’ цркви и црковни општини, во кои членуваат Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Притоа, верско-националните објекти иселеничките организации и нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува.

Се чини, од особено значење за активноста на македонските иселеници е создавањето на македонските православни цркви и црковни општини. Така, во изминатиот период се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Формирани и изградени се околу десетина цркви, голем број друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници од сите делови на етничка Македонија.

Македонските православни црковни општини  во  Канада се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија и Мала Преспа. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Во тие културно-просветни и духовни центри работат македонски училишта, каде што се учи мајчиниот македонски јазик, националната историја и географија, а во голем број цркви и верска поука. Така, отворени се процесите за создавање културно-уметнички, забавни, литературни и спортски друштва, издавање весници, билтени и списанија, како и отворање македонски радио и ТВ-емисии. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во демократска Канада како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци.           

Македонските православни цркви и црковни општини во Канада се мошне ценети од тамошното општество, пред се’, поради резултатите што Македонците ги постигнуваат во работата, а и поради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина-Канада. Меѓутоа, најзначајно е тоа што македонските иселеници преку своите црковни општини ја афирмираат својата стара татковина Македонија, со што даваат прилог и на планот на меѓународните односи.

sv-nedela-pikering

Црквата „Света Недела“ во Пикеринг

Всушност, македонските православни цркви  се мостот на соработка на Република Македонија и Канада. Досега не еднаш е истакнато дека македонските доселеници и нивните  асоцијации, со посебна нагласка на македонските православни цркви и црковни општини, прераснаа во мошне значаен и позитивен фактор во градењето на добрите заемни односи меѓу Канада и Република Македонија.

Во оваа пригода треба да се нагласи дека одреден број Македонци во дијаспората црквуваат во католички и англикански црви, потоа во руски, украински, српски, грчки и бугарски, особено во бугарско-македонски, како и во неколку протестански цркви. Такви се случаевите со црквите кои се под јуриздикција на Источната православната црква во Северна Америка (црквите на организацијата МПО во Торонто, Детроит, Форт Веин, Индијанаполис и други градови), на Грчката православна црква во Канада (Торонто, Хамилтон Виндзор) и Австралија (Мелбурн, Аделајд Перт и Сиднеј), на Српската православна црква во САД (Детроит) и Канада (Торонто), на Бугарската православна црква (Мелбурн), на Евангелско-методистичката, на Адвентистичката цеква во Австралија и на други цркви. Така, во Мелбурн постои Македонска евангелско – методистичка црква, во која членуваат претежно Македонци од струмичкиот крај. Во САД, пак, постојат цркви со име Македонска баптистичка црква, во која членува  црнечко население. Оваа црква го примила библиското име на Македонија и нема никаква врска со Македонија и македонскиот народ. Исто така, меѓу свештенството и високиот клер на погоре споменатите цркви, особено во Католичката, во Англиканската и во Евангелско- методистичката  црква,  има одреден број Македонци кои во името на Бога, достојно го бранат името и вистината за македонскиот народ и за Македонија

Инаку, почнувајќи од седумдесеттите години, бројот на новосоздадените цркви и црковни општини, клубови и други асоцијативни  облици на собирање  во Торонто се’ повеќе се зголемува. Најголемиот број Македонци  членуваа или беа редовни посетители на тие многубројни асоцијации, каде тие организираа верски, национални, фолклорни, спортски, културни и други манифестации. Така, всушност, и се појавија првите искри, првите иницијални собирања и другарувања. Иницијаторите ја истакнуваа очигледната потреба и намера: Македонците да си отворат свои катчиња во една заемна корелација, со најшироки договарања и во соработка со татковината да ги активираат сите свои потенцијали. Тоа беа шанси и можности да се развиваат најразлични активности, на најдостоинствен начин да се афирмира македонското име, македонската држава и македонската вистина Со формирањето пред се’, на македонските православни цркви и црковни општини, како и друг вид  асоцијации, се создадоа услови за негување на роднокрајното културно наследство, на религијата, традициите и обичаите, како и да се  зачувува  македонскиот идентитет и македонската вистина.        

Покрај соборниот храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“,  во Торонто, во повеќе градови на Канада се изградени и отворени десетина  македонски православни храмови кои им служат на Македонците од сите делови на Македонија, доселени во оваа демократска и мултикултурна земја.

Една од македонските православни цркви во Канада која собира голем број доселеници од сите делови на Македонија и Мала Преспа е, секако црквата „Света Недела“ во Пикеринг.

Почетните активности за формирање на оваа македонската православна општина, како четврта црква  во метрополата Торонто, а која им служи на Македонците и за градовите Ајџекс, Вуидби и Ошава, започнаа во март 1993 година. Потоа, на 23 април истата година беше свикано првото генерално собрание на приврзениците и почитувачите на новата црковна општина.  Од повеќето имиња што ги одобрил народот, со ждрепка архимандритот Никодим Царкњас го извлече ливчето со името на света Недела.

Во историскиот развој на оваа значајна македонска православна црква во Пикеринг е забележано дека на 17 септември 2000 година камен-темелникот на црквата го постави поглаварот на на МПЦ, архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан, заедно со митрополитот Кирил и бројни свештеници. Потоа, одреден период Македонците собираа средства за изградба на овој храм, при што беа вклучени бројни донатори, верници и хуманисти, особено од егејскиот дел на Македонија.  Така, започна да се гради храмот и помошните простории, кој беа готови за период од околу две години.

Новиот храм на  македонската православна општина „Света Недела“ во Пикеринг во кој е насликан олтарот и другите делови беше осветена од поглаварот на МПЦ архиепископот Стефан, во сослужение на голем број македонски свештеници од Канада и Соединетите Американски Држави на 8 септември 2002 година. За овој храм со право се вели дека ќе биде центар за генерациите.

Новиот храм на  македонската православна општина „Света Недела“ во Пикеринг е насликан во олтарот и другите делови. Во него се активни: женската секција која организира пикници и други собирања и бинго секцијата. Овој убав македонски храм е и центар на различни активности, особено во летниот период кога се одржуваат заеднички пикници во просторот пред храмот, во кој се вршат сите обреди за Македонците од тој дел на Онтарио.

metodij-stefan

Поглаварот на МПЦ г.г.Стефан и митрополитот Методиј

Исто така, во метрополата Торонто е во градба манастирот „Свети Илија“. Иницијативата за формирање на манастирот постои од многу одамна кај членовите на “Обединетите Македонци”. Овој македонски храм се гради на местото сопственост на националната организација “Обединети Македонци” која редовно организира собирање за празникот Коледе. Потоа, постои инцијатива за градба на македонска православна црква во Јунионвил, каде има одбор и свештено лице, кои се грижат за организираното живеење на Македонците од тој дел на метрополата Торонто. Во Монтреал, пак, во провинцијата Квибек има инцијатива за изградба на македонската православна црква „Свети Атанасиј“. Сето тоа укажува на фактот дека Македонија и Македонската православна црква постоеле, постојат и вечно ќе постојат.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top