Дијаспора

Чувари на македонскиот јазик и црковното пеење (7)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ ВО МПЦ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

Во една од салите на црквата „Свет Климент Охридски“ во Торонто, во приквечерните часови на 6 март 1987 година, се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада. Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски. Поминаа само десетина дена и на 16 март беше избран првиот Управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Во 1989 година е времето кога членството на друштвото значително се зголемува, па според податоците во списанието „Литературна мисла“, год. 2, бр. 3, септември 1990 година, неговиот број изнесува 46 редовни и 10 почесни членови. Бројки за почит и за респект. Инаку, во август 1989 година излезе првиот број на списанието „Литературна мисла“.

Посебно треба да се одбележи податокот дека од мај 1990 година Друштвото е организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонската култура“, која стана традиционална форма и содржина во неговата работа и дејствување. Не ретко, нивни гости и соработници биле писатели, културни и научни работници од републиката, а станале и почесни членови, меѓу кои: Анте Поповски, Орде Ивановски, Божин Павловски, Блаже Ристовски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Вера Стојчевска-Антиќ, Коле Мангов, Славе Николовски-Катин, Љубиша Георгиевски, Петар Темелковски, Петре М. Андреевски, Вангел Божиновски, Ката Мисиркова-Руменова, Илинден Спасе, Раде Силјан и други.

literaturno-drustvo
Членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“

Нема приредба, одбележување на значајни настани и личности од македонската историја и култура во кои не учествуваат и овие творци и вљубеници во пишаниот збор, а кои се одржуваат во Канада или, пак, во Соединетите Американски Држави. Нераскинлива, и за нив најзначајна, е врската со Татковината. Остварена е соработка со Друштвото на писателите на Македонија, традиционалното учество на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби, објавени се прилози на страниците на македонските весници, списанија и книжевна периодика, а се преземени и други активности.

Спомените од детството, немерливата љубов кон родната грутка – се најлични цветови што никогаш не свенуваат во човековата душа и во неа се носат трајно како пресувани во хербариум. Оттука, носталгијата се напластува на сè и таа станува сино небо со илјадници трепкави и светли ѕвезди во кои и спие човековиот поглед. Се множат најубавите соништа и од далечните и студени северни краишта летнуваат бели гулаби, симболи на сите копнежи и стремежи, мечти и соништа, летнуваат кон југ како ненапишано писмо, како единствена можност да се биде свој и среќен.

Четириесетината членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ се работници, интелектуалци, ученици, студенти, пензионери… Тоа се чета избраници кои со силата и со моќта на македонскиот збор војуваат и опстојуваат; патем, да забележиме дека неколкумина од нив пишуваат на англиски јазик и во светот ја шират вистината за Македонија. Нивното творештво, и во минатото како и денес, претставува потребна и суштинска активност на сопственото истрајување во историјата на светот. А нивното главно оружје е мајчиниот збор, македонскиот литературен јазик кој денес има изборено свое место во ризницата на светските јазици и култури, јазик што се изучува во светот, а со кој непомирливо се војува против сите негирања и присвојувања, особено од соседните земји. Затоа со право се вели дека дел од македонската историја и иднина, огледало на реалноста и сегашноста, претставуваат Македонците и нивната работа и активност во Канада.

crkoven-hor
Црковниот хот

Исто така, во оваа пригода треба да се истакне дека побогати се богослужбите и поубави се прославите во црквата „Свети Климент Охридски“ кога на нив доаѓа и учествува и Црковниот хор. Неговите членови пеат од срце, пеат со многу љубов и желба и за велигденските и за божиќните празници, за патронатот на црквата, а и за време на одржувањето на други настани и приредби. Доброволно, искрено и секогаш се подготвени за да приредат најубави мигови и даваат сè од себе така да биде и да ѝ се допаднат на публиката и на присутните.

Формирањето на црковниот хор потекнува уште од годините на изградбата на црквата „Свети Климент Охридски“. Меѓутоа, повеќе од 40 години хорот  работи во поширок состав и во него членуваат повеќе хористи кои се аматери и волонтерски, кој ја вршат таа работа, а сепак, нивното пеење е професионално. Големи заслуги за формирањето на црковниот хор има Евгенија Кордиќ, долгогодишен диригент и раководител. Меѓутоа, повеќе години хорот го води професорот по музика Филип Ангеловски, роден во селото Д’мбени. Костурско.  Во него, меѓу другите биле членови: Елка Георгиевска, Менка Гаџовска, Цена Гивенс, Сандра Стојковска, Драги и Вера Чумандра, Љубица Кожовска, Јосиф Ничевски, Љуба Терзиева, Спиро Мангов, како и познатите интерпретатори на народната песна – Фана Шомова, Славка Младеновска и Мирјана Златкова.

Благодарение на упорноста на бројните членови во минатото и сегашноста, на чело со диригентот Филип Ангелковски досега хорот постигнал многу  значајни резултати. Во последно време, хористите продолжија уште позасилено да подготвуваат нови дела и нова програма, со што се очекува нивната улога да биде поголема, а успесите позабележителни.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top