Дијаспора

Ченто – Страдалник за Обединета Македонија

cento

Пишува Иван Трпоски

centoРазговор со Душан Ристевски по повод монодрамата посветена на Методија Андонов – Ченто

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во сабота 28 ноември со почеток во 19 часот во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville премиерно ќе се престави со најновото дело на драматургот Душан Ристевски „Ченто“. Ликот на Ченто ќе го игра Васко Србиновски, а преставата ја режира Стефо Нанцу.

Што ве предизвика да напишете дело за Методија Андонов – Ченто?

Како што знаете Методија Андонов – Ченто беше претседател на привремената македонска влада за време на Втората светска војна кога Македонија беше окупирана од фашистите и монархофашистите на Германија, Бугарија, Италија и Грција како и прв претседател на македонската влада после формирањето на Република Македонија во склопот на југословенската федерација. Но после овој период тој не постоеше во македонската историја, како да испари од политичката сцена без некое објаснување. Секако неговите современици мошне добро знаеја дека подло беше отстранет и затворен во самица повеќе години но за нас од помладата генерација тој беше енигма и токму поради тоа се јави љубопитост кај мене да се истражува неговото дело.

Лично бев шокиран кога ги читав, во 1990 година, написите во Нова Македонија од новинарката, инаку и таа како Ченто – Прилепчанка, Фиданка Танаскова, на која иако и се претеше поради написите, херојски истапуваше пребарувајќи во забранетиот архив и разговарајќи со Чентовите другари и соборци, изнесуваше факти кои дотогаш никој од нас не ги знаеше од прости причини што истите не беа достапни до јавноста. Подоцна на една наша средба со Фиданка во Сиднеј 1991 година каде ми подари нејзина книга посветена за Ченто, ме поттикна да напишам монодрама за оваа личност за која многу малку се знаеше во македонската дијаспора. Иако текстот уште тогаш беше приготвен, услови немаше да се најде правиот актер да го одигра ликот на Ченто.

Што преставува Ченто за тебе како автор и што сакаш Македонците да научат од овој драмски приказ?

Да бидам искрен ова е голема обврска и предизвик не само за мене како автор туку и за актерот и режисерот правилно да се престави еден лик кој остави големо дело зад себе.

За мене лично, проучувајќи го неговиот живот, сакам публиката да ја вратам во периодот кога не беше лесно да бидеш Македонец поготово кога сите соседи сакаа да грабнат делови од Македонија и да ја уништат македонската нација. Се формираше македонската државност а со тоа се работеше интензивно на македонскиот правопис, се формираа институции и установи, училишта и факултет, се воспостави правниот систем итн. итн. Токму Ченто беше на кормилото на македонската влада во која се донесуваа важни одлуки за опстанокот на македонската нација. Онака како што го разбрав неговото дело така и го преставувам, а и така би сакам да се прифати. За мене Ченто е еден идеолог за независна и обединета Македонија, идеолог за воспоставување демократска држава на Македонците кои самостално ќе ја решаваат својата иднина.

Значи Ченто имаше голема визија?

Точно, неговата визија делумно се оствари после повеќе од четири децении кога Република Македонија стана независна држава. Реков делумно, бидејќи тој секогаш настојуваше и се бореше за обединување на Македонија но за жал другите решаваа, а делумно и сега некои решаваат за иднината на Македонците. Верувам дека тој многу повеќе ќе постигнеше за македонската нација доколку не беше така подло отстранет токму од своите сограѓани, а секако под наредба на КП на Југославија. Неговиот живот трагично заврши но тој знаеше дека неговата борба не беше залудна.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top